Вегетаријанството како начин на живот: Што кога вашето дете ќе одлучи да ја промени исхраната?

Вегетаријанството како начин на живот: Што кога вашето дете ќе одлучи да ја промени исхраната?

Се повеќе и повеќе луѓе одбиваат да консумираат животински производи. Кон вегетаријанското движење се приклучуваат не само обичните луѓе, туку и тие кои стекнале светска слава.

Вегетаријанството како начин на живот: Што кога вашето дете ќе одлучи да ја промени исхраната?
Има многу познати личности кои одлучиле радикално да го променат начинот на исхрана и кои на своето мени никогаш немаат месо, додека некои отишле и чекор понатаму. Но, што кога вашето дете ќе одлучи да стане вегетаријанец? Тоа е нешто што предизвикува стрес кај родителите, кои мора да се прилагодат на детето.

Кога зборуваме за вегетаријанската исхрана, важно е да се знае дека тоа е начин на исхрана од кој се издвоени црвеното месо и производи од него, преработки од месо, риба, јајца и други намирници од животинско потекло. Вегетаријанците се разликуваат по храната која не ја консумираат, а не на мотивите поради кои преминале на одреден начин на прехрана.

Вегетаријанството и веганството се поврзани со низок индекс на телесна маса, што и понатаму е поврзано со помала тежина. Истражувачите објаснуваат дека тоа е затоа што јадат помалку процесирана храна, која содржи големи количини на маснотии и шеќер.
Вегатаријанската и веганската прехрана се ризични фактори за ниска вредност на хемоглобинот и феритинот. Како што се калциумот и железото во намирниците од растително производство, не само што имаат помалку туку и потешко апсорбира, бидејќи станува збор за не-хем форма која во организмот поминува потешко во споредба со хем железото од намирниците од животинско потекло. Вегетаријанците треба да внесуваат повеќе железо од луѓето на разноврсна исхрана. Подобрувањето на апсосрбција значајно придонесува истовременото внесување намирници богати со витамин Ц.

Детството е фаза на интензивен раст и развој, во која организмот бара додатен калориски внес. Така и потребата за протеини е зголемена. Протеините се важен составен ден на нашето тело, кои учествуваат во изградбата на коски и мускули, помагаат во обновување на келиите, ја подржуваат исхрана и го хранат организмот. Тоа се сложени молекули кои се состојат од аминокиселини. Организмот сам може да синтетизира 14 врсти аминокиселини, но 8 врсти мораме ние сами да внесеме преку храна и нив ги нарекуваме есенцијални аминокиселини. Тие се важни за правилен раст,развој и созревање на детето. Протеините кои ги внесуваме со месото и останатите производи од животинско потекло, ги содржат сите 8 есенцијални аминокиселини, додека протеините кои ги внесуваме со производи од растително потекло, со исклучок на сојата и нејзините преработки, не ги содржат сите 8 па е потребно да се комбинираат две врсти на намирници да се задоволи потребата за есенцијални аминокиселини. Тоа го постигнуваме комбинирајќи житарки и мешунки, како на пример ориз или грав или леќа и просо. За вегетаријанците тоа се јајца и млечни производи во комбинација со зеленчук. Вегетаријанството веќе не е алтернатива, бидејќи тоа за се повеќе луѓе претставува стил на живот.

Луѓето стануваат вегани од многу причини, вклучувајќи ја етичката грижа за животните и природната околина, како и некои лични, врзани за здравјето, духовноста и верата. Што се однесуваа до етичките принципи, веганската прехрана го спречува масовното гоење и колење на голем број животни на фармите. Од еколошко гледање, месната индустрија учествува во загадување на воздухот, почвата и водата, допринесува на експлоатацијата на шумата и голем број почвена повржина за одгледување растителни култури, кои се наменети за исхрана на голем број животни.

Некои од светски познатите личности кои веќе се одлучиле за веганство се Ellen DeGeneres, Joaquin Phoenix, Ariana Grande, Stevie Wonder, Peter Dinklage, Bellamy Young, James Cameron, Pamela Anderson и многу други.

Туна или сардини – што е поздраво?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар