Уживање за сите дома: салата од 7 слоеви со пилешко

Богата на око, практична и вкусна, оваа салата е совршен оброк за сите во семејството.

Уживање за сите дома: салата од 7 слоеви со пилешко

Потребни состојки:

  • 200 г варено пилешко месо
  • 1/2 главица зелена салата, исечкана
  • 200 г грашок
  • 200 г пченка
  • 200 г маслинки
  • 200 г сечкан целер
  • 200 г чери домати, исечени на половинки

За прелив:

  • 285 г грчки јогурт
  • морска сол и свежо мелен црн бибер
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица сенф
  • 2 чешниња лук, ситно сечкан
  • 1 лажица органски мед

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Recipe Details 💚 (@recipedetails) on

Начин на подготовка:

  1. Во помал сад измешајте ги сите состојки што се предвидени за преливот и ставете ги во фрижидер да се изладат додека ја подготвувате салатата.
  2. Првиот слој е составен од ситно сечкано варено пилешко месо кое треба и да го зачините.
  3. Вториот слој е составен од половинки чери домати.
  4. Третиот слој е од маслинки.
  5. Четвртиот слој е од варен грашок.
  6. Петтиот слој е од сечкан целер.
  7. Шести слој е од зрна варена пченка.
  8. Седми слој е составен од зелена салата.
  9. Помеѓу секој слој треба да наросите сол и бибер.
  10. На крај одозгора додајте го преливот и ставете ја салатата во фрижидер, сè додека не дојде времето за сервирање.

Можеби сакате да прочитате и како се подготвува „Мимоза“ салата без шунка, богато предјадење со јајца и сирење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар