„Мимоза“ салата без шунка: Богато предјадење со јајца и сирење

Ова е навистина лесна за подготовка и вкусна салата која може да биде целосна замена на еден ваш оброк. Направете ја и уживајте во нејзиниот прекрасен вкус.

„Мимоза“ салата без шунка: Богато предјадење со јајца и сирење

Потребни состојки:

  •     4 големи компири
  •     2 поголеми моркови
  •     5-6 кисели краставички
  •     200 г тврдо сирење по ваш избор
  •     5 варени јајца
  •     200 г мајонез
  •     бибер и сол

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги компирите и морковите, а потоа сварете ги во солена вода.
  2. Оставете ги да се изладат, па излупете ги. Сварете ги и јајцата.
  3. Крупно изрендајте ги компирите и на чинија за сервирање формирајте го првиот слој салата со помош на вилушка.
  4. Премачкајте ги компирите со мајонез (ви требаат најмалку 2 лажици), а потоа изрендајте ги морковите и формирајте нов слој со вилушка. Прекријте го слојот со мајонез.
  5. Изрендајте ги ренданите кисели краставички ставете ги во сито и исцедете ја течноста, па нанесете го и слојот од краставички. Повторно премачкајте со мајонез.
  6. Повторете ги слоевите со компири и моркови, ставајќи помеѓу секој слој мајонез.
  7. Намесете уште еден слој кисели краставички и нанесете мајонез.
  8. Потоа изрендајте го сирењето и наросете го одозгора.
  9. Излупете ги јајцата и одделете ги белките и наредете ги преку салатата.
  10. Повторно премачкајте со мајонез, а потоа изрендајте ги жолчките, нанесете го и овој слој, па украсете со ливчиња магдонос.
  11. Оставете ја салатата добро да се излади во фрижидер.

Можеби сакате да научите и како се подготвува „Цезар салата“ со туна со детален процес на подготовка за почетници кои сакаат да готват!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар