Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот

Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот

Годи Келер е норвешки педагог кој некогаш работел со деца, а денес почесто со возрасни. За него кажуваат дека не учи, туку инспирира. Тој ги советува наставниците и родителите како да го извлечат најдоброто од нивните деца и како да им помогнат да го развијат нивниот потенцијал, бидејќи секој го има, но кога не го знае, живее живот обележан со неуспех.

Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот

„Во Европа речиси 25% од средношколците го напуштаат училиштето. Некои од нив завршуваат и со криминал, дрога… Тоа се најчесто луѓе кои биле натерани да ја изгубат самодовербата, вербата во нивните способности.“

Потребна е мотивација

„Денешните училишта често не знаат да ги мотивираат децата, туку ги заплашуваат и им кажуваат дека не се доволно добри.“

Според него, родителите од сите држави со кои соработувал биле исти.

„Поголема е разликата помеѓу тие луѓе и нивните остарени родители отколку помеѓу денешните родители во Ерменија или Норвешка. Во оваа доба на глобализација насекаде гледам ист вид индивидуализам.“

„Образовниот систем често е неинформиран и кратковид – ги подготвува децата за следниот испит, но не и за животот. Понекогаш така се однесуваат и родителите. Им создаваат притисок на децата да имаат добри оценки, да бидат успешни сега и овде. Но да го подготвите детето за животот не значи да барате од него да биде добро по сите предмети.“

Убивање на духот

Келер смета дека педагогијата е уметност на мотивирањето. Тој ги учи возрасните како да ги мотивираат своите деца и да препознаат во што се добри.

„Ако детето не покажува добар успех на тестовите, секој нов тест на училиште за него е стрес, а пораката што ја добива е дека не е доволно паметно и добро. Детето кое често е тестирано и не покажува добри резултати, ја губи самодовербата. Тоа е многу поголем проблем од лошите оценки. Покрај тоа, ако ученикот е немирен и недоволно концентриран често може да добие и некаква дијагноза. Во училиштето нема индивидуален пристап и поединците кои не се вкопуваат се гледаат како отпад.“

„На некои деца тестовите и испитите имаат одлично влијание, но на многу не. Ги имам прашано професорите на колку деца лошата оценка им буди поттик. Лошите оценки се демотивирачки.“

„Ако лошата оцена може да го мотивира детето, тогаш има смисла. Но ако забележите дека му ја уништува самодовербата, мора да најдете друг начин. Најдете му ги силните страни и размислете како можете да го поттикнете да се развива во некоја област.“

Поддршка од родителите

„Најлошо е кога детето ќе добие лоша оценка и порака дека не е добро, а таква атмосфера го чека и дома. Децата кои биле лоши ученици но станале успешни луѓе, доаѓаат од родители што ги поддржувале и ги учеле да веруваат во себе. Родителите имаат големо влијание на стекнувањето на самодовербата и тоа е нивна задача.“

Погледнете на кои начини училиштето ги прави децата глупави и депресивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар