Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Во модерниот свет каде што сте соочени со премногу информации, зависност од социјални мрежи и стрес, нормално е понекогаш да се почувствувате совладано. Токму ова се некои од концептите зад делата на илустраторот Сергио Ингравале од Германија.

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Секој минималистичка илустрација од серијалот на Сергио прикажува комплексни теми со само неколку форми и линии, со што се докажува природниот талент на артистот за визуелен јазик.

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Сергио ја открил неговата љубов кон илустрирањето во 2010-та година додека бил на 5-месечно патување од Сиднеј до Пекинг.

„За време на патувањето запознав толку добри уметници и дизајнери што знаев дека штом ќе се вратам во Германија, мојот пат ќе биде илустрирањето.“

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Започнал правејќи портрети со водени бои, но сфатил дека нешто му недостасува. Му биле потребни месеци пред да го открие неговиот препознатлив стил.

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Инспириран од секојдневните моменти, тој почнал да работи на серијалот што го нарекол „Мindshot“.

„Насловот се роди од идеите кои често се појавуваат додека работите, разговарате, гледате филм, се дружите со пријатели или ви е здодевно во некоја чекална. Некои се социјални критики, додека некои илустрации се само смешни.“

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Првата илустрација од серијалот прикажува црвена птица што носи маска за кислород. Илустрацијата прикажува колку е загаден градскиот воздух што предизвикува сериозна штета на живиот свет.

„Ја мислев оваа слика со месеци откако ги посетив огромните градови со многу смог.“

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

После години творење, Сергио решил да направи книга со неговите 50 најдобри илустрации.

Минималистички илустрации кои отсликуваат теми од модерниот живот

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар