Убава и здрава трудница: Водич за одржување на идеална тежина во бременоста

Убава и здрава трудница: Водич за одржување идеална тежина во бременоста

Избегнувањето на несаканите килограми само по себе претставува голем предизвик, а „проблемот“ станува уште поинтензивен во текот на бременоста. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се храните здраво во бременоста, за да ја одржите идеалната телесна тежина, а со самото тоа полесно да се породите и полесно да ги отстраните постпородилните килограми.

1-ubava-i-zdrava-trudnica-vodich-za-odrzhuvanje-na-idealna-tezhina-vo-bremenosta-www.kafepauza.mk_

1. Размислувајте однапред

Според истражувањата, вашата тежина пред бременоста ќе ви помогне да утврдите отприлика колку килограми ќе качите.

  • Природна тежина – до 17 килограми
  • Спортска градба – до 13 килограми
  • Прекумерна телесна тежина – до 9 килограми

2. Исклучоци

На идните мајки кои носат близнаци, тројка и слично, дозволено им е качување поголем број килограми во текот на бременоста. Меѓутоа, за тежината и во таквите случаи да остане во границите на нормалното, најдобро е да се посоветувате со личниот доктор.

3. Внесување непотребни калории во организмот

Повеќето бремени жени претеруваат со количината внесени калории на дневно ниво, така што бројките ја преминуваат границата за околу 10%. Избегнувањето на класичната брза храна е секако најдобриот пат при одржување балансирана телесна тежина. Обидете се во вашата исхрана да вклучите производи како нискокалорично млеко, леб од цело зрно, природно цеден сок и слично.

4. Предупредување

Не се препорачува консумирање алкохол, како и некои специфични типови рибино месо – сите овие информации мора да ги добиете од вашиот доктор. Доколку можете, целосно избегнувајте риба во текот на бременоста, но ако имате потреба од неа, одлучете се за лосос или туна.

Со помош на лесни физички вежби можете да ја одржите здравата тежина во текот на бременоста, а со помош на овој водич ќе откриете и што треба да правите, а што да одбегнувате во секоја фаза од бременоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар