Трик за помнење имиња: Зајакнете ја меморијата за само 5 секунди

Трик за помнење имиња: Зајакнете ја меморијата за само 5 секунди

Сигурно ви се случило да запознаете некоја личност и во истиот момент да заборавите на нејзиното име. Повеќето од нас често забораваме секојдневни ситници и тоа понекогаш може да доведе до непријатни ситуации. Една од таквите ситуации е заборавањето на името на некоја личност која само што сме ја запознале, а со која сигурно ќе имаме понатамошен контакт.

Трик за помнење на имињата: Зајакнете ја меморијата за само 5 секунди

Но, благодарение на нашиот голем склад на информации во главата и една многу лесна техника за помнење, имињата ќе можат засекогаш да останат врежани во вашата меморија.

Швеѓанецот Матијас Рибинг е трократен светски првак во помнење и е еден од 122-те личности на целиот свет кои се стекнале со титулата „Grand Master of Memory“ (Врвен мајстор за меморија). Токму овој голем ум одлучил со јавноста да го сподели наједноставниот трик за помнење на имињата кој со редовна примена може да се извежба до совршенство. Како што вели Матијас:

„Клучот е да го извежбате мозокот да размислува во слики.“

Кога ѝ подавате рака на личноста со која се запознавате и кога таа ќе го изговори своето име, во истиот момент обидете се да го поврзете името со слика од нешто што ве потсетува на тој збор (на пример: Сузана = солза во око, капка вода или пак, Јасмина = јасмин, цвет).

Кога ќе ја погледнете личноста со која што сте се запознале, мозокот рефлексно ќе ги поврзе 3-те работи во една: лицето на личноста, нејзиното име и предметот со кој го поврзувате името и така ќе сoздаде една заедничка меморија. На овој начин никогаш повеќе нема да заборавите нечие име.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар