Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Клучот за борба против целулитот е здравата исхрана што содржи многу овошје и зеленчук. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за зајакнување на сврзното ткиво. Повеќе зеленчук во исхраната, во комбинација со помал внес на шеќер и со поголем внес на протеини и вода, помага да се воспостави нормално ниво на естроген и да се регулира шеќерот во крвта, кои се важни фактори во борбата против целулитот. Не заборавајте дека во борбата против целулитот, како и против несаканите килограми, неопходно е трајно да ги смените навиките за јадење.

Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц отколку некои видови овошје. Бидејќи витаминот Ц игра голема улога во зацврстувањето на сврзното ткиво, најдоброто нешто што можете да направите за да имате мазна кожа на задникот и на бутовите е да додадете неколку порции свеж зеленчук во вашето мени. Најмногу витамин Ц има во спанаќот, во црвените пиперки, во брокулата, во кељот, во прокељот и во магдоносот.

За зајакнувањето на сврзното ткиво потребни се и аминокиселини и селен кои ги има во многу видови зеленчук и овошје. Калиумот помага против задржување на течностите и на штетните материи во ткивата, а најмногу калиум има во компирите, во доматите, во карфиолот и во аспарагусот.

Не можете да погрешите при изборот на зеленчук и овошје, но овие 3 намирници треба да ги јадете колку што е можно почесто ако сакате да се ослободите од целулитот.

1. Батат (сладок компир)

Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Компирот е еден од најхранливите и најздравите зеленчуци, содржи калиум, бета-каротен, витамини Ц и Е и е одличен антиоксиданс. Компирот е идеален за подобрување на циркулацијата и за елиминирање на токсините – двете најважните работи кога сакате да го намалите целулитот.

2. Брокула

Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Овој зелен зеленчук е одличен за борба против целулитот од три причини. Прво, брокулата содржи алфалипоична киселина која помага да се спречи зацврстувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на диетални влакна. Трето, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум кој е потребен за ослободување од целулитот.

3. Прокељ

Три видови зеленчук што ќе ви помогнат да го намалите целулитот

Овој зеленчук, покрај витамин Ц, содржи супстанција наречена индол-3-карбинол (I3C) која, кога се внесува во организмот, се претвора во ди-индолил метан (DIM). Оваа супстаницја им помага на ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на штетните материи кои се одговорни за губење на квалитетот на колагенот.

Овој петминутен метод ја намалува видливоста на целулитот за само три недели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар