Три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки

Овие рецепти ќе им дадат нова димензија на пуканките какви што ги знаеме. Еве како да подготвите три вкусни закуски со пуканки, пред да гледате филм.

Сè што ви треба за да направите пуканки е тенџере и малку масло. Но, не треба да застанете тука. Со испуканите пуканки можете да направите низа рецепти, од палачинки со пченка и крцкав чипс со сирење, па сè до колачиња со пуканки.

1. Палачинки со пуканки

Еве еден лесен рецепт за најдобриот појадок досега: Направете палачинки со смеса од пченкарно брашно, сочни зрна од пченка и крцкави пуканки. Тоа е палачинка со три различни слоеви пченка со различна текстура, за совршен оброк.

Потребни состојки:

  • Едно пакување смеса за пченкарни мафини (240 г)
  • 125 г процедена пченка од конзерва
  • 1 ½ лажичка несолен путер (додајте ако затреба повеќе)
  • 1 чашка (250 мл) испукани пуканки
  • Малку јаворов сируп или мед за украсување

Начин на подготовка:

  1. Подгответе ја смесата за мафини според упатството на пакувањето и додајте ја пченката.
  2. Растопете путер во тавче и ставете од смесата да се пржи.
  3. Пржете ја палачинката од едната страна додека не порумени, па наросете ја со пукани.
  4. Потоа завртете ја палачинката внимателно и нежно притиснете. Пржете ја уште околу 90 секунди.
  5. Повторете го процесот со целата преостаната смеса. На крајот, врз сите палачинки додајте ги и преостанатите пуканки и полијте ги со мед или јаворов сируп.

2. Крцкави пуканки со пармезан

Три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки

Пармезанот совршено одговара со пуканки. За да го подготвите овој едноставен рецепт треба да ги полеете пуканките со растопен путер ароматизиран со рузмарин, да ги наросите со рендан пармезан и потоа да ги запечете во рерна.

Потребни состојки:

  • 7 чашки (250 мл) испукани пуканки
  • 2 лажици стопен несолен путер
  • 1 лажица свеж рузмарин
  • ¼ мала лажичка сол
  • ¼ мала лажичка свежо мелен бибер
  • 150 г пармезан

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 ᵒС.
  2. Во голем сад измешајте ги пуканките со путерот, солта, рузмаринот и биберот.
  3. Ставете ги пуканките во плех обложен со хартија за печење, а потоа рамномерно наросете ги со пармезан.
  4. Печете ги пуканките од 5 до 7 минути, додека не станат златно-жолти, па оставете ги да се изладат. Потоа искршете ги на ситни парчиња.

3. Колачиња со пуканки, јатки и суво овошје

Три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки

Ова е прекрасен рецепт во кој се мешаат вкусовите на солено и благо.

Потребни состојки:

  • 11 чашки (250 мл) испукани пуканки
  • 50 г суво грозје
  • 50 г сушена брусница
  • 50 г печени солени кикиритки
  • 30 г ф’стаци
  • 4 лажици несолен путер
  • 1 пакетче маршмалоу
  • Малку масло или спреј за готвење

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги пуканките, сувото грозје, брусницата, кикиритките и ф’стаците во голем сад.
  2. Во меѓувреме растопете го путерот заедно со маршмалоуто, на тивок оган, околу 6 минути, додека смесата не стане глатка.
  3. Намрсете го со масло за јадење садот во кој ќе ја ставите смесата (не мора да биде многу голем).
  4. Измешајте ги двете смеси и ставете ги во садот.
  5. Добро притиснете ја и израмнете ја смесата.
  6. Оставете ја да се излади на собна температура. Потоа, исечете на парчиња и послужете.

Можеби сакате да направите и шарени пуканки – оригинални грицки за секоја пригода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар