Шарени пуканки – оригинални грицки за секоја пригода

Без разлика дали планирате детска или возрасна забава за која барате интересни грицки или пак едноставно сакате да испробате нешто ново, тогаш зошто не се обидете да подготвите слатки пуканки во боите на виножитото? Еве неколку интересни слатки рецепти кои ќе ви помогнат во периодите кога немате инспирација.

0-shareni-pukanki-originalni-gricki-za-sekoja-prigoda-www.kafepauza.mk_

Првото нешто што треба да го знаете е дека овие грицки се прават навистина едноставно, и на повеќе начини, во зависност од тоа какви состојки преферирате или имате дома. Постапката за сите три состојки е навистина лесна, а дека ја зборуваме вистината погледнете во продолжение.

Манчмелоу пуканки

1-shareni-pukanki-originalni-gricki-za-sekoja-prigoda-www.kafepauza.mk_

  • Готови пуканки (несолени)
  • Манчмелоу колачиња (бели или во боја)
  • Боја за храна
  • 50 грама путер
  • Мали и шарени чоколадни трошки, по желба

Ставете ги однапред подготвените пуканки во голем сад за послужување. Колачињата распоредете ги посебно во четири сада кои можете да ги ставите во микробранова. Во секој сад додајте по една лажичка путер и загрејте ги во микробранова на највисоката температура, околу 25 секунди. Измешајте и по потреба ставете ги уште малку во микробранова, односно додека колачињата не се стопат целосно. Ако сте користеле бели манчмелоу колачиња, во секој сад додајте различна боја за храна. Количината зависи од посакуваниот интензитет. Со растопените колачиња полијте ги пуканките, измешајте ги и оставете ги да се оладат, а потоа раздвојте ги и послужете ги.

Чоколадни пуканки во боја

2-shareni-pukanki-originalni-gricki-za-sekoja-prigoda-www.kafepauza.mk_

  • Готови пуканки (несолени)
  • Бело чоколадо (количината зависи од пуканките)
  • Боја за храна

Како и за претходниот рецепт, така и сега растопете го белото чоколадо со малку путер или вода, поделете го во повеќе садови и во секој сад додајте различна боја за храна. И пуканките распределете ги во садови, па прелијте ги со обоеното чоколадо и измешајте.

Шеќерни пуканки

3-shareni-pukanki-originalni-gricki-za-sekoja-prigoda-www.kafepauza.mk_

  • Готови пуканки (несолени)
  • 180 грама шеќер во прав
  • 2 лажици вода
  • Различни бои за храна

Ставете го шеќерот во водата, добро промешајте и ставете го на оган. Мешајте сè додека шеќерот се растопи и згусне. Потоа овој сируп ставете го во повеќе садови (колку што имате бои) и во секој додајте боја во зависност од посакуваниот интензитет. И пуканките распределете ги во садови, па прелијте ги со обоените сирупи и измешајте. Исушете ги пуканките пред да ги измешате сите заедно.

Додека сме кај благите пуканки, ви предлагаме да ги подготвите и овие неодоливи карамел-пуканки.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар