Тренирање на интуицијата за подобро донесување одлуки

Интуицијата може да се опише како малиот глас кој го слушате во вашата глава. Обидете се да се сетите на нешто што сте го направиле без размислување. Во тој момент делувала вашата интуиција. Проблемот е што таа може да ви биде или пријател или непријател кога станува збор за донесувањето одлуки. За да го избегнете второто, погледнете како да ја тренирате вашата интуиција.

Тренирање на интуицијата за подобро донесување одлуки

Проширете го кругот на пријатели

Луѓето настојуваат да се чувствуваат безбедно до оние кои имаат исти верувања и мислења како нив. Но важен чекор во тренирањето на интуицијата е излегувањето од вашата удобна зона. Дружете се со луѓе кои се спротивставуваат на вашите верувања. Ова ќе ви даде нова перспектива.

Размислувајте надвор од кутијата

Овој начин на размислување е популарен кај успешните луѓе. Потребно е да научите работи за разни теми, а потоа да ја најдете нивната поврзаност. Со ова ќе ја зајакнете вашата интуиција и ќе донесувате правилни одлуки.

Следете го тренирањето во дневник

Дневниците се одличен начин да го следите вашиот напредок. Едноставно запишете колку пати дневно сте ја слушале вашата интуиција и кој бил резултатот. Секој неуспех значи дека треба да поработите на себе.

Најдете добри учители

Учителите треба да имаат навистина изразена интуиција. Обично ова се мудри луѓе кои учеле од бројните грешки во текот на животот. Овие луѓе не забораваат да слушаат. Ќе сфатите дека учителот може да ви помогне за многу краток период.

Проширете го знаењето

Колку помалку знаете, толку потешко ќе се справите со интуицијата. Искусете нови нешта и почувствувајте како се менува вашиот мозок. Читајте книги за да го проширите знаењето и да го подобрите начинот на размислување.

Развијте добри навики

Гледајте на интуицијата како на нешто што постојано се подобрува. Најдобриот начин да го постигнете ова се добрите навики. Според истражувањата, потребни се 21 ден за да создадете нова навика, а ова најчесто зависи од нејзината комплексност. Работењето на вашата волја исто така е клучно за успехот. Запомнете да ги извршувате обврските во исто време и место за да ја зајакнете навиката.

Интуицијата може да биде одлична алатка. Таа може да управува со вашиот успех во текот на животот. Одвојте време за да ја подобрите и ќе постигнете многу.

Погледнете ги и знаците дека вашата интуиција се обидува да ви каже нешто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар