Таоист објаснува какво влијание има негативната чи енергија врз нашето здравје

Таоист објаснува какво влијание има негативната чи енергија врз нашето здравје

Велат дека енергијата оди таму каде што има внимание. А поради денешниот луд свет на медиумите, нашето внимание е насекаде. Ова значи дека нашата енергија е насекаде и не е онаму каде што ни е најпотребна – за нас и за нашето здравје.

Таоист објаснува какво влијание има негативната чи врз нашето здравје

Ова е особено важно во кризни периоди кога трагичните настани го преплавуваат општеството со страв, анксиозност и грижа, со тоа предизвикувајќи стрес. Кога луѓето функционираат во оваа состојба, духовната енергија е исцрпена, а физичкото и менталното здравје страдаат.

Ова не е само чувство туку е наука за чи, нашата животна енергија. Таоистот и автор на бројни книги за личен енергетски развој, Мантак Чиа објаснува:

„Но што е ова чи и од каде потекнува? Чи е исконската животна сила. Почнува со човечкиот живот кога сперматозоидот влегува во јајце клетката. Од оваа фузија се развива ново комплексно човечко суштество. Чи е постојаниот тек на енергија што поврзува разни ткива, органи и мозочни функции во едно цело – личност. Чи исто така ја поврзува оваа личност со нејзиното опкружување.“

Зачувувањето, штитењето и зајакнувањето на вашата чи денес може да биде вистински предизвик со сите работи што ни го одвлекуваат вниманието и сите негативни емоции околу нас.

„Во таоизмот на исцелувањето, физичкото здравје, менталното здравје и духовниот развиток се разни делови од истиот процес. Сите се поврзани со одржувањето на јачината на протокот на чи низ нашето тело. Нашите емоции се поврзани со нашето здравје и со нашиот духовен развиток. Негативните емоции, како гневот, експлодираат и ја исфрлаат енергијата од нашето тело. Слично на ова, кога сме исплашени толку многу се згрчуваме што буквално ја цедиме чи енергијата од нашите тела. Ова не значи дека никогаш не смеете да се чувствувате исплашено или гневно. Овие емоции се природни и потребни во одредени ситуации, а ако не ги чувствувате тогаш, можеби нешто не е во ред. Но, ако овие емоции станат вашиот хроничен начин на одговарање, вашата енергија останува заробена во нив и ќе почнете да ги чувствувате и кога не треба. Вашата Чи ќе се блокира и ќе се исцеди. Емоциите се најодговорни за намалување на нашата енергија. Без силна чи енергија, здравјето ќе страда, а духовниот развој ќе биде тежок или невозможен.“

Чиа објаснува дека е важно да го насочиме нашиот фокус кон нашето тело. Ако мозокот постојано е фокусиран на надворешниот свет, тој не е во можност да ги регулира органите на телото. Фокусирањето внатре кон нас и смирувањето на умот се клучни за здравјето, особено кога опкружувањето е полно со негативни емоции.

Прочитајте ги и овие животни вистини од Лао Це кои ќе ви го променат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар