Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Барбиките отсекогаш биле симбол на убавина и мода, но компанијата реши малку да ги промени работите. Со цел да ги разбере моменталните потреби на народот, компанијата анкетирала 8.000 мајки. Резултатите покажале дека 86% од нив биле загрижени околу тоа какви идоли им се претставуваат на нивните ќерки, па така компанијата создаде 17 кукли според вистински и инспиративни жени.

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

„Девојчињата отсекогаш имале можност да играат различни улоги и кариери со барбиките и ни претставува огромно задоволство тоа што сега во преден план се идолите од вистинскиот живот кои ќе ги потсетат дека можат да станат што сакаат“, изјавила Лиза МекНајт, потпретседател и генерален менаџер на компанијата.

Куклите направени според инспиративните жени вклучуваат и едукативни информации за начинот на кој секоја жена го сменила општеството. Серијата кукли се состои од историски и современи женски фигури. Амелија Ерхарт, првата жена која го прелетала Атлантскиот Океан и Фрида Кало, славната мексиканска уметница и активистка, се дел од нив. Иако серијата има само 3 кукли досега, портпаролката на Мател открила дека нивниот број ќе се зголеми.

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Компанијата исто така ја дополнила програмата позната како „Shero“ која првпат се појави во 2015 година. Оваа иницијатива им оддаде чест на жените кои ја сменија историјата, како што се Ибтихаџ Мухамен, Мисти Коупленд, Ава Дувернеј, Ева Чен и Ешли Греам. Сега, серијата вклучи уште такви инспиративни современи фигури: сноубордерката Клое Ким која освои злато на Олимписките игри, светски познатата готвачка Елен Дароз и други. Погледнете ги досегашните барбики направени според некои од најинспиративните жени во светот…

Фрида Кало, уметница

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Амелија Ерхарт, пионерка во авијацијата

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Мартина Војцеховска, новинарка

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Елен Дароз, светски позната готвачка

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Ешли Греам, модел и активистка

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Пети Џенкинс, режисерка

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Кетрин Џонсон, математичарка и физичарка на НАСА

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Јуан Јуан Тан, примабалерина

Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други инспиративни жени добија свои барбики

Продолжете на следната страница за да ги погледнете останатите барбики…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар