Тајни за одржување на долгата коса што секоја модерна жена треба да ги знае

Тајни за одржување на долгата коса што секоја модерна жена треба да ги знае

Одржувањето на долгата коса не е едноставно. Кога имате време и енергија за нејзиното средување, можете да ја направите да изгледа прекрасно, но во спротивно, таа може да ви претставува голем проблем. Па, ако сакате што помалку време да посветите на вашата долга коса, а притоа таа да изгледа убаво, тогаш искористете ги следниве трикови што ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно со малку труд.

Тајни за долга коса кои секоја модерна жена треба да ги знае

1. Потстрижувајте ја често

Ако сакате да ја одржувате здрава вашата долга коса, од особено значење е да ја потстрижувате што е можно почесто. Дури и неколку сантиметри кои само ќе ги отсечат оштетените краеви се значајни за таа да расте побрзо. Имајте навика да го посетувате вашиот фризерски салон најмалку еднаш на секои шест месеци и настојувајте да изберете постојан фризер кој ќе ја познава вашата коса и ќе знае што точно сакате. Потстрижувањето е најдобар начин за одржување затоа што е едноставен, а и не одзема многу време.

2. Избегнете секојдневно миење

Без разлика дали сакате да ја соберете косата или пак да ја направите брановидна, природните масла кои ги има таа кога не е свежо измиена, ќе ви помогнат подолго да го задржите посакуваниот изглед. Ако пак се чувствувате непријатно поради ова, тогаш сувиот шампон може да биде вашето вистинско решение. Одберете шампон за сува коса кој ќе ви даде волумен и ќе ја направи косата посјајна, па можете да поминете и неколку дена без да ја измиете.

3. Витлерите нека ви бидат најдобри пријатели

Оваа тајна за одржување на долгата коса е одлична за оние кои сакаат да додадат екстра сексапил на нивниот изглед, без премногу работа. Витлерите заштедуваат време и лесно може да се користат, само навиткајте ја косата и слободно можете да ги извршувате домашните работи. Убавината на витканата коса е што кога локните се премногу долги, тие секогаш изгледаат одлично.

Тајни за долга коса кои секоја модерна жена треба да ги знае

4. Пунџата е секогаш одлична идеја

Пунџата направена со помош на чорап е одличен и лесен начин да ја средите вашата коса, без притоа да потрошите повеќе часови. Постојат многу упатства на Интернет кои ќе ви покажат како да го изведете ова, а во зависниот од тоа за каде се подготвувате, пунџата може да биде целосно затегната или пак, лабава и опуштена. Пробајте еднаш и ова брзо ќе стане вашата омилена фризура.

5. Не заборавајте да го посетите фризерскиот салон

Огромна грешка е да ја прескокнете посетата на фризерскиот салон. Секогаш постојат различни начини на стрижење, стилови и бои кои може да ги користите за да ѝ дадете дополнителна свежина на вашата коса. На пример, можете да направите фризура со степени и со тоа да ѝ дадете една сосема нова димензија. Истото би го постигнале и со додавање боја, при што не би требало да ја жртвувате должината на косата за да изгледате подобро. Зборувајте со вашиот стилист околу тоа кои производи најмногу би ви одговарале и како истите да ги користите.

6. Фенирајте ја

Без разлика дали вие самите сте ја совладале оваа вештина или пак ќе го посетите фризерскиот салон, фенирањето е одличен начин за да ја средите вашата коса. Убавината е во тоа што таа може да ви трае и до една недела, ако знаете како да ја одржувате.

Тајни за долга коса кои секоја модерна жена треба да ги знае

7. Овозможете ѝ редовен третман

Секојдневните навики ѝ штетат на вашата коса, па затоа многу е важно да ѝ обезбедите редовен третман што ќе го задржи нејзиниот сјај и ќе ѝ овозможи да остане здрава и неоштетена.

8. Испробувајте нови стилови

На Интернет постојат многу начини што ќе ви покажат разни трикови како можете да ја носите долгата коса. Неуредна пунџа, коњско опавче или плетенка на страна се само дел од можностите што ви стојат на располагање.

9. Никогаш не потценувајте ги додатоците за коса

Модните додатоци изгледаат неодоливо во долгата коса. Имате многу опции: Од едноставна лента, па сѐ до светли и живописни детали. Сепак, внимавајте да изберете модели коишто ќе одговараат на вашата облека.

Тајни за долга коса кои секоја модерна жена треба да ги знае

10. Здравата коса е убава коса

Како што споменавме и претходно, редовниот третман на вашата коса, потстрижувањето и пореткото миење ќе ја одржуваат вашата коса здрава и убава. Секако, полесно е да се средува здравата коса, отколку онаа со оштетени краеви, затоа, настојувајте да го одржувате вашиот природен сјај.

Бидејќи долгата коса најчесто бара и повеќе внимание, време и нега, можеби ќе паднете во искушение да ја скратите. Но, доколку научите како да ги користите овие неколку трикови, ќе бидете во можност да ја задржите нејзината должина и притоа да изгледате прекрасно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар