Како да го завршите првиот љубовен состанок без разлика дали бил успешен или не?

Само што сте го преживеале првиот љубовен состанок. Да си замислиме совршено сценарио: Вие сте изгледале прекрасно, сте се чувствувале одлично и сте биле полни со самодоверба. Сте ги поставиле вистинските прашања и сте успеале незгодните ситуации да ги сведете на минимум. Без разлика на тоа дали првиот љубовен состанок поминал добро или лошо, евентуално ќе мора да заврши. Што тогаш? Сигурно никогаш не сте се грижеле за тоа како ќе го завршите состанокот, додека не дошло време за тоа.

Како да го завршите првиот љубовен состанок без разлика дали бил успешен или не?

Не заборавајте дека се работи за прв состанок. Сѐ уште сте во раните фази на запознавање. Доколку не си поминувате убаво, имате право да си отидете порано. Но, ако си поминувате супер, 50% од сингл луѓето сметаат дека успешниот прв љубовен состанок треба да заврши со бакнеж. Дали тоа ќе се случи зависи само од вас. Но, доколку стигнете до крајот на состанокот и не знаете што да направите, запаметете го следниов едноставен збор: „Благодарам“. Дури и да не си одговарате, реченицата „Благодарам за убавата вечер“ е секогаш добредојдена. Во тој контекст, погледнете ги следниве 4 можни сценарија на тоа како љубовните состаноци обично завршуваат и како би требало да се однесувате…

Прво сценарио: Ниту еден од вас не е заинтересиран

Се случува. Доколку се најдете во оваа ситуација откако сте поминале повеќе време заедно, доволно е едно брзо „Благодарам, драго ми е што те запознав. Добра ноќ“. Така ќе оставите впечаток на културна личност и воопшто нема да има потреба да зборувате повторно.

Второ сценарио: Очигледно е дека постојат симпатии меѓу двајцата

Немојте да играте игри и да глумите тешка девојка или зафатено момче. Ако ви се допаѓа некој, дајте му го тоа до знаење со зборовите „Супер си поминав, би сакал/а пак да се видиме!“. Останете во контакт и видете се повторно што е можно побрзо. Многу е важно да не се изгуби моментот.

Како да го завршите првиот љубовен состанок без разлика дали бил успешен или не?

Трето сценарио: Не сте сигурни како се чувствувате

Завршете ја вечерта со „Благодарам“ и „Добра ноќ“. Не треба да ветувате ништо, ниту да кажете нешто повеќе. Понекогаш, навистина е потребно време да размислите убаво пред да донесете одлука. Контактирајте ја личноста доколку решите дека сакате да се видите пак. Не се обврзувате на ништо повеќе од уште еден обичен разговор.

Четврто сценарио: Еден од вас е заинтересиран, но чувството не е обострано

Во овој случај бидете искрени. Кога заинтересираната личност ќе се обиде да ве контактира, бидете тактични, но искрени. Можете да кажете нешто во стилот: „Не ја почувствував поврзаноста што ја барам, но ти посакувам сѐ најдобро“. Многу подобро е така, отколку да ја одбегнувате личноста измислувајќи глупави изговори зошто не можете да се видите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар