Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

Едноставна и брза супа која е идеална за сите оние кои водат сметка за својата линија

Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

Потребни состојки:
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 голем кромид, исечкан
  • 140 грама пченкарно брашно
  • 1 литар вода
  • 2 лажици лук во прав
  • 1 лажица куркума
  • 1 прстофат чили
  • 1 килограм свеж или смрзнат спанаќ
  • Сенф
Начин на подготовка:

Растопете ги путерот и кокосовото масло во тенџере, а потоа додајте го кромидот и оставете го да омекне. Додајте го пченкарното брашно и мешајте полека додека додавате малку по малку вода. Варете сè додека смесата на зоврие и оставете ја така да вари 5 минути. Зачинете ја супата и потоа додадете го спанаќот. Не дозволувајте повторно да зоврие. Сипете ја зелената супа во чинија и послужете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.