Ставете им крај на пегите и флеките со помош на овој индиски рецепт!

Ставете им крај на пегите и флеките со помош на овој индиски рецепт!

Хиперпигментацијата е нарушување на бојата на кожата кое се карактеризира со темни области на кожата, а е предизвикано од зголемување на количината на меланин, темниот пигмент на кожата.

Ставете им крај на пегите и флеките со помош на овој индиски рецепт!

Изложеноста на сончева светлина, бременоста, одредени болести, старост или траума може да доведе до нарушувања на меланин и да создаде непријатни кафени дамки карактеристични за ова бенигно нарушување.

Точните причини може да се поделат во две групи: надворешни и внатрешни. Надворешните причини може да бидат оние кои доаѓаат од околината, како изложување на сончева светлина или поради хемиски соединенија (бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон итн.). Внатрешните причини се однесуваат на генот – луѓето со потемна кожа имаат поголема тенденција да го развијат ова нарушување.

Пегите и флеките на кожата најчесто се предизвикани од штетните сончеви ултравиолетови зраци кои го оштетуваат меланинот и резултираат со привремена или трајна промена на бојата. Овие дамки често можете да ги забележите на лицето и рацете, но тие можат да се појават на било кој дел од кожата што бил изложен на сонце.

Лузни од траума или операција, исто така, може да предизвикаат промена на бојата на кожата, па дури и кога проблемот ќе исчезне, темните дамки остануваат.

Мелазмата е хиперпигментација на кожата која се јавува за време на бременоста, иако понекогаш може да влијае и на мажите. Обично кафените дамки го покриваат лицето – главно носот и образите. Ова нарушување поминува само по себе по бременоста и не предизвикува поголеми проблеми.

Природен лек за хиперпигментација – Рецепт

1. Измешајте 1 лажичка куркума во прав (куркума) со 1 лажичка сок од лимон. Нанесете ја добиената смеса врз пегите и флеките.

2. Оставете 15 минути да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода.

3. Не изложувајте ја кожата веднаш потоа на сонце!

4. Се препорачува нанесување на оваа смеса пред туширање. Повторете еднаш или двапати секој ден.

Овој едноставен лек навистина делува и се заснова на принципите на Ајурведата, древната индиска наука за лекување. Лимонот ја избелува кожата, а куркумата освен што одлично ја осветлува кожата, делува и противвоспалително и ја прави сјајна. Луѓето со многу чувствителна кожа можат да го разредат сокот од лимон или да го заменат со млеко.

Откако прочитавте како куркумата и лимонот можат да ви помогнат да им ставите крај на пегите и флеките на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги искористите здравствените придобивки на зелениот чај за поубава и посјајна кожа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар