Справете се со летната топлина: Храна која го лади вашиот организам

За време на летото високите температури можат да предизвикаат губење на течноста од телото, насобирање токсини и дехидрација. Симптомите на топлотен удар вклучуваат чувство на топлина, потење, жед, тврда столица со непријатен мирис, мачнина, црвенило во очите и на лицето, претерана чувствителност, главоболка, живописни соништа, израстоци во и околу устата како и на јазикот, забрзан плус, темна урина, претерана желудочна киселина, како и воспаление на кожата.

Справете се со летната топлина: Храна која го лади вашиот организам

Во однос на нивните енергетски карактеристики, храната може да се подели во 3 категории: Онаа која лади, онаа која го грее организмот и неутрална. Па, за да се заштитите од топлината за време на летните денови, погледнете кој вид храна треба да го додадете на вашата секојдневна исхрана.

Храна која го грее вашиот организам

  • Шеќер
  • Зачини
  • Кофеин
  • Алкохол

Храна која го лади вашиот организам

  • Овошје: јаболка, банана, грејпфрут, киви, лимон, портокал, круша, јагода и лубеница.
  • Зеленчук: целер, краставица, патлиџан, како и сите видови зелени зеленчуци.
  • Житарки: јачмен, хељда, просо, интегрална пченица

Неутрална храна

  • Овошје: кајсија, смоква, грозје, маслинки, ананас, слива.
  • Зеленчук: морков, зелка, пченка, компир, тиква, сладок компир, грашок.
  • Житарки, семки и јаткасти плодови: бадеми, црн сусам, кикирики, ориз, ‘рж, одредени видови грав и семки од сончоглед.

Храната која лади не е погодна за личностите кои имаат постојано студени раце и нозе, кои се „зимурливи“ и кои често страдаат од дијареја, болки во стомакот, недостаток на енергија и болни зглобови.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар