Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Кога ќе се спомене зборот „рок“, веднаш се помислува на гласна музика во која преовладуваат електрични гитари, облека во црна боја и тексас, кожна јакна, алкохол и бунтовнички дух. Рокерите обично се сметаат за бунтовници кои не почитуваат закони и авторитети и кои воопшто не се префинети или софистицирани. Но, ова воопшто не е така, особено кога станува збор за понежниот пол.

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци
Лед Цепелин – Гитар Бар

Рок стилот има своја нежна и романтична страна која не ја покажува само преку љубовните рок балади. Таа е видлива и преку начинот на облекување и модните додатоци кои можат да се искористат за да го надополнат рок изгледот и да му дадат елегантна нота. И оваа есен чокерите се повторно во мода, но овој пат во комбинација со парчиња облека карактеристични за рок стилот како што се кожна јакна, скинати фармерки, старки и тексас кошула.

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци
Лед Цепелин – Гитар Бар

Чокерите се изработени од страна на S & R accessories, каде што можете да најдете и друг рачно изработен накит за секоја пригода. Спојот на елеганција и бунтовност е совршено отсликан од страна на моделот Бојана Нушкова и фотографката Каролина Пандовска. А доколку сте љубител на рок, џез и блуз музиката и постојано се жалите дека во Скопје нема доволно места каде што можете да излезете, помислете уште еднаш бидејќи сите овие фотографии се сликани во уникатните рокерски кафулиња и барови со кои изобилува нашиот град.

Погледнете ги останатите фотографии кои со сигурност ќе ја разбудат рокерката во вас и ќе ве инспирираат да го зачините вашиот стил со интересен чокер…