Специјален рецепт за леб за оние што се плашат од јаглехидрати

Лебот не мора да биде направен од брашно!

Потребни состојки:
  • 300 грама посно сирење
  • 100 грама смелени бадеми
  • 100 грама иситнети ленени семки
  • 125 грама овесни снегулки
  • 1 лажичка сол
  • 6 грама прашок за печиво
  • 8 белки од јајце
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици семки од тиква
  • 2 лажици сончогледови семки
Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите суви состојки, односно бадемите, овесните снегулки, солта, прашокот за печиво и семките. Потоа полека додајте ги белките, па сирењето и повторно измешајте.

Обложете тепсија за печење леб со хартија за печење и истресете ја смесата во неа. Обидете се рамномерно да ја распространите низ тепсијата, па просејте уште малку сусам на врвот и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.

Печете околу 50-60 минути, односно сè додека лебот не добие убава румена боја. Откако ќе се испече, извадете го од тепсијата и ставете го на решетка за ладење. Откако ќе се олади, исечете го на парчиња.

Прочитајте и што ќе се случи ако целосно го исфрлите белиот леб од исхраната.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар