Совршена напивка за ладните денови: 4 необични рецепти за топло чоколадо

Зимата не може да се замисли без топло чоколадо. Сите знаеме како да се направи овој пијалак, но време е да пробате нешто поразлично и да му дадете нов шмек. Изненадете ги гостите со следниве 4 рецепти за топло чоколадо на кои никој нема да може да одолее…

1. Традиционален рецепт

Совршена напивка за ладните денови: 4 необични рецепти за топло чоколадо

Потребни состојки:
  • 400 милилитри млеко
  • 100 грама темно чоколадо
  • Прстофат морска сол
  • 1 супена лажица карамела
  • Шлаг за декорација
Начин на подготовка:

Ставете го млекото во длабоко тенџере и оставете го да зоврие. Додајте го темното чоколадо и солта, па кога сето тоа убаво ќе се соедини, додајте ја и карамелата. Послужете го топлото чоколадо така што ќе го украсите со шлаг и на површината изрендајте чоколадо и карамела.

2. Бело топло чоколадо

Совршена напивка за ладните денови: 4 необични рецепти за топло чоколадо

Потребни состојки:
  • 400 милилитри млеко
  • 100 грама бело чоколадо
  • 2 супени лажици рум
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • Шлаг за декорација
Начин на подготовка:

Ставете го млекото да зоврие во длабоко тенџере. Потоа, додајте чоколадо, рум и екстракт од ванила. Кога сето тоа ќе биде убаво соединето, ставете ја топлата напивка во шолја и украсете ја со шлаг и цимет.

3. Луто топло чоколадо

Совршена напивка за ладните денови: 4 необични рецепти за топло чоколадо

Потребни состојки:
  • 400 милилитри млеко
  • 100 грама темно чоколадо
  • Прстофат лути суви мелени пиперчиња
  • 1 супена лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица сладолед од ванила
Начин на подготовка:

Кога млекото ќе зоврие, додајте темно чоколадо, шеќер и прстофат лути суви пиперчиња. Оставете го сето тоа убаво да се приготви и потоа можете да го послужите во шолја украсена со една лажица сладолед од ванила и лути пиперчиња.

4. Топло чоколадо со јагоди

Совршена напивка за ладните денови: 4 необични рецепти за топло чоколадо

Потребни состојки:
  • 400 милилитри млеко
  • 100 грама јагоди (може и замрзнати)
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 1 лажица путер
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во тенџере да зовријат. Кога смесата убаво ќе се соедини, изматете ја со миксер и потоа послужете ја со шлаг како декорација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар