Совршен десерт готов за 6 минути

Вкусот на путер од кикирики за многумина е неодолив. Тој е одлична состојка за разни колачи, а ова е една брза и вкусна варијанта на колач во која овој вид путер е водечка состојка.

sovrshen-desert-gotov-za-6-minuti-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 230 г растопен путер
  • 260 г мелени бисквити
  • 380 г шеќер
  • 225 г путер од кикирики
  • 1 ½ чоколади
Начин на подготовка:
  1. Во чинија измешајте ги растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и 180 грама путер од кикирики додека сè не се соедини. Излијте ја смесата во тавче.
  2. На пареа или во микробранова стопете го чоколадото и соединете го со остатокот од путерот од кикирики, па прелијте ја претходно подготвената смеса.
  3. Пред да го исечете колачот на парчиња, ставете го во фрижидер да поседи околу 1 час.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар