Совршен бакнеж: 3 грешки кои ги правиме додека се бакнуваме

Од добриот бакнеж ќе ви се затресат колената, ќе ви се разлетаат пеперутки во стомакот, силно ќе ви затропа срцето. Иако бакнувањето доаѓа инстинктивно и повеќето од нас сметаат дека одамна ја имаат совладано техниката, за жал овие грешки многумина ги прават и поради тоа се далеку од пружање на совршениот бакнеж.

sovrshen-baknezh-3-greshki-koi-gi-pravime-dodeka-se-baknuvame-kafepauza.mk

1. Агресивен почеток

На филмовите често можеме да видиме како двајца агресивно пристапуваат еден кон друг и страсно запловуваат во долг романтичен бакнеж. Но, животот не е филм и доколку истово го пробате во реалноста, голема е шансата дека едниот од вас ќе се здобие со модрица под окото, оток над устата или евентуално скршен заб. Наместо да тргнете нагло и нападно, започнете со меко спојување на усните и продолжете со бакнување кое постепено и природно ќе се забрзува и засилува. Слушајте ги сигналите од телото на вашиот партнер, вдишувањата и срцебиењата. Тие ќе ве водат во процесот на совршеното бакнување.

2. Премалку јазик

Секако дека не треба да го забивате јазикот во грлото на партнерот, но и држењето на јазикот во својата уста не овозможува уживање. Бакнежот започнете го со затворена уста, без да зинувате од далеку, а потоа грицнете ја долната усна на партнерот, нежно пројдете со јазикот преку нејзините рабови, па допрете го неговиот јазик и веќе потоа дозволете да ве понесе моментот.

3. Погрешна цел

Добра идеја е повремено да земате воздух додека се бакнувате. Незгоден момент може да настане кога ќе се одвоите од партнерот и кога потоа ќе сакате да продолжите со бакнување, па случајно ќе завршите лапнувајќи го неговиот нос. Во таков момент и вашиот партнер ќе се збуни, па најдобро е да продолжите со бакнување како ништо да не се случило.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар