Брзи и лесни колачиња за појадок полн со протеини

И вкусно и здраво…

Брзи и лесни колачиња за појадок полн со протеини

Потребни состојки за 4 колачиња:
  • 150 грама овесни снегулки
  • 4 белки од јајца
  • мало лажиче цимет
  • пире од јаболка
  • јагоди (или друго овошје)
Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги овесните снегулки, белките и циметот. Потоа 1/4 од смесата нанесете ја на тава така што таа ќе изгледа како мала палачинка. Гответе така 10 минути на среден оган и превртете еднаш штом се зацрви од едната страна. Повторете ја постапката уште трипати додека не ја потрошите смесата. На крај по желба можете врз изладените колачиња да нанесете пире од јаболка и исечкани јаготки, или пак да бидете креативни и да го додадете она што вам ви се допаѓа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар