Совети што ќе ви помогнат вашата црна комбинација да изгледа пролетно

Кога станува збор за облеката, не можете да погрешите со црната боја. Црната боја им одговара на сите, во неа изгледате послабо и лесно се комбинира со сите други бои. Поради тоа, звучи совршено да бидете облечени во црно од глава до пети. Сепак, тешко е да го промените мислењето дека црната боја е резервирана за ладните и тмурни денови. Во продолжение погледнете како да ја направите црната комбинација да изгледа пролетно и да го срушите тој мит. Тајната е во модните додатоци.

Бели патики

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Baldwin Bieber (@haileybieber) on

Покрај тоа што се модерни сами по себе, белите патики ќе направат одличен контраст кога се комбинираат со црна облека. Можете да ги носите со едноставни комбинации како црни фармерки и класична маица, но и со костум, здолниште или фустан. Што се однесува до моделот на патики, изборот е ваш. Изберете ги оние што најдобро ви одговараат. Во случај да не сакате патики, ќе го добиете истиот ефект со кои било други бели обувки.

Шарена марама

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Array (@array_the_label) on

Овој додаток ѝ дава посебен шарм на речиси секоја облека, а најмногу доаѓа до израз кај монохроматските комбинации. Марамите може да се носат на неколку различни начини – околу вратот, во косата, на чантата или околу половината наместо каиш. Покрај тоа, тие може да се носат на огромен број различни комбинации, а оваа пролет има само едно правило – колку пошарени, толку подобро.

Впечатлива чанта

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FASHION ♡ FITNESS ♡ OOTD ♡ (@just_janni_) on

Впечатлива чанта може да ја зачини секоја комбинација, па така и црната. Црната облека совршено се вклопува со сите бои и принтови, па имате навистина одличен избор на различни чанти. Чантата може да биде впечатлива благодарение на нејзината необична форма, на живописните бои, на шарените принтови или на различните текстури.

Погледнете како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар