Филмови со танцување кои ќе ги задржат жените поблизу до екраните

Филмови со танцување кои ќе ги задржат жените поблизу до екраните

Ги имаме гледано стопати, но ако се случи да наидеме на некој од овие филмови на телевизија, нема да можеме да се одвоиме од екранот.

Филмови со танцување кои ги задржат жените поблизу до екраните

Составивме список од филмови со танцување и музика кои секогаш го подобруваат расположението.

1. „Валкан танц“

Романтичната приказна за добра девојка, Френсис Бејби Хаусмен, која го доживува најдобриот период од животот на годишен одмор со инструкторот по танц Џони, неповратно ги освои срцата на многу жени, без оглед на возраста.

Ретро-музиката, одличната кореографија и хемијата помеѓу главните актери го направија овој филм култен класик што секоја жена треба да го погледне.

2. „Флешденс“

Сите соништа можат да се остварат ако ги вложиме сите сили. Оваа порака најдобро ни ја пренесе Алекс Овенс, која работи како заварувачка во текот на денот, а танцува и копнее по кариера како професионална балерина, ноќе. Иако подоцна дознавме дека сите сцени ги танцувала танчарката Марин Жерон, а не актерката Џенифер Билс, тоа не го расипа впечатокот за филмот, кој донесе незаборавни хитови како „Maniac”, „Flashdance“ и „What a Feeling”.

3. „Дали сте за танц?“

Работен според филмот со исто име и актерските легенди Фред Астер и Џинџер Роџерс, во 2004 година беше снимен римејк на овој филм. Во него, Ричард Гир толкува улога на човек кој доживува средовечна криза која пробува да ја надмине со помош на класични и латиноамерикански танци со згодената инструкторка која ја глуми Џенифер Лопез. По овој филм и луѓето со 2 леви нозе имаат потреба да се запишат во училиште за танцување, а бонус за гледачите е неочекуваниот пресврт во кој главните ликови не започнуваат романтична врска.

4. „Били Елиот“

Секоја чест за „Црниот лебед“ и тинејџерската драма „Централна сцена“ која следи група танчари од Њујорк, но ако се прашуваме кој филм со танцување би го погледнале повторно, тогаш тоа е „Били Елиот“! Џејми Бел во улога на талентирано момче кое мора да се спротивстави на родовите стереотипи на околината за да ужива во танцот е исто толку трогателен колку и неговото движење на сцената.

5. „Безгрижен“

Замислете да живеете во град каде танцувањето е забрането? А токму со таква неверојатна премиса се занимава филмот „Безгрижен“. Можеби тој не е толку технички поткован во однос на танцувањето, како другите филмови на листата, но тој ни ја покажа целата моќ на оваа активност. Шармантниот Кевин Бејкон во бела маица и фармерки, не мора ни да споменеме, зарем не?

6. „Треска во саботната вечер“

Никој не танцува толку вешто на песната „Stayin ‘Alive“ како младиот Џон Траволта, кој се здоби со светска слава и многу женски фанови по неговата главна улога во овој филм. Признајте дека се обидовте да го имитирате неговото движење со рацете и показалецот?

7. „Магичниот Мајк“ и „Магичниот Мајк XXL“

Дали сте ги виделе комплицираните кореографии што ги изведоа познатите актери предводени од Чанинг Татум? Заради нив навистина вреди да се остане пред малите екрани и да се препуштите на магијата на овој филм.

Можеби сакате да ја погледнете и листата од најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар