Совети од познатите дами за одморен изглед

Автор: Сара Турановиќ

Не постои жена која не им се воодушевува на холивудските дами кои секогаш изгледаат средено, свежо, згодно, со еден збор – прекрасно. Истовремено, сите ние знаеме дека за тој изглед биле потребни часови и часови спремање за финалниот резултат да биде совршен. Но на задоволство на многу жени, холивудските убавици и познати дами открија неколку од најкорисните трикови за убав и совршен изглед.

1. Бијонсе

Жената е најубава кога се смее, а освен тоа најважно е да нанесува хидратантна крема, вели славната пејачка, позната по нејзиниот беспрекорен изглед.

Beyonce

2. Ева Мендес

Бронзерот е одличен начин да го освежите лицето. Дури и да не сакате шминка, измешајте малку бронзер со хидратантна крема и ќе добиете свеж изглед за секунда.

2-soveti-od-poznatite-dami-za-odmoren-izgled-kafepauza.mk

3. Скарлет Јохансон

При нанесување шминка секогаш сакам да започнам со мат подлога, а потоа да нанесам руменило – изјави популарната глумица, исто така позната по својата природна убавина.

3-soveti-od-poznatite-dami-za-odmoren-izgled-kafepauza.mk

4. Кејт Винслет

Важно е да имате добра крема за околу очи. Особено ако сте под стрес или премногу патувате, бидејќи тогаш може да ве изненадат темните подочници.

4-soveti-od-poznatite-dami-za-odmoren-izgled-kafepauza.mk

5. Гвен Стефани

Сакам да нанесам неколку слоеви кармин. Прво нанесувам суви, матирани нијанси, а потоа сјајни и кремасти – споделува славната пејачка позната по црвените усни и руса коса.

5-soveti-od-poznatite-dami-za-odmoren-izgled-kafepauza.mk

6. Гвинет Палтроу

Користам омега-3 рибино масло и го обожавам на својата кожа. Тоа ми е едно од најдобрите чувства на светот – изјави славната оскаровка позната по изразено здравиот животен стил.

Gwyneth Paltrow poses backstage at the National Movie Awards 2011

7. Хали Бери

За розов, природен изглед на усните прво нанесувам црвен кармин, а потоа го бришам и нанесувам безбоен сјај – едноставен и ефективен совет кој ни го откри популарната глумица.

7-soveti-od-poznatite-dami-za-odmoren-izgled-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар