Сочен колач од лимон кој се приготвува за помалку од 5 минути

Сочен колач од лимон кој се приготвува за помалку од 5 минути

Брз и едноставен колач кој се подготвува во шолја во микробранова печка

Сочен колач од лимон кој се приготвува за помалку од 5 минути

Потребни состојки:
  • 3 лажици брашно
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 1/8 лажичка сол
  • едно големо јајце
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици масло за јадење
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 1,5 лажица свежо исцеден сок од лимон
  • 4 лажици шеќер во прав
  • уште 1,5 лажица свежо исцеден сок од лимон (за глазурата)
Начин на подготовка:

Ставете ги брашното, прашокот за печиво и солта во шолјата во која ќе печете. Потоа додајте им ги и изматеното јајце, ренданата лимонова кора, сокот од лимон, шеќерот и маслото. Оставете ја шолјата во микробранова печка на висока температура од една и пол до две минути. Потоа извадете ја и оставете ја да се излади. Во друг сад настрана направете ја глазурата така што ќе ги измешате шеќерот во прав и втората половина од лимоновиот сок. Мешајте со виљушка додека добро да се соединат, пред да ја истурите смесата врз готовиот колач. Со тоа тој е спремен за сервирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.