Со овие прекрасни шалови ќе имате крилја како птиците

Shovava“ е уникатна колекција за жени која во превод значи женствено и разиграно и вклучува модели кои содржат неверојатно детални изработки на елементи од природата. Создадени од страна на артистката Роза Камитова, секое од овие прекрасни и елегантни парчиња се прекриени со нејзини рачни цртежи.

Со овие прекрасни шалови ќе имате крилја како птиците

Камитова работела 8 години во модната индустрија и потоа сфатила дека на светот му се потребни малку покреативни дизајни на облека. Токму затоа таа решила да работи на реконструкција и промена на старите парчиња облека за да создаде нешто сосема ново и уникатно. Во 2011 година, таа ја лансирала својата прекрасна колекција која била инспирирана од природата.

„Јас ја набљудувам природата и наоѓам инспирација и во најмалите детали“, објаснува таа. „Можеби тоа ќе биде крило од пеперутка или интересната структура на лисјата. Можеби ќе биде пердув од гавран кој стои на гранка дрво. Јас го примам она што го гледам во природниот свет и потоа ги создавам моите дела.“

Со овие прекрасни шалови ќе имате крилја како птиците



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар