#snowglobing: Празничен тренд во романтичните средби, за кој не знаеме што да мислиме

Иако го добил името по еден од најубавите и најромантичните сезонски украси на сите времиња – снежната топка е всушност поим, створен за да го опише новиот тренд, кој е сè, само не симпатичен.

#snowglobing: Празничен тренд во романтичните средби, за кој не знаеме што да мислиме

Радост и веселба во воздухот, носталгија, понекоја сијаличка и греано вино – сето ова ќе направи вие и вашите симпатии, партнери или пријатели да почнете да се вљубуваат. Личноста со која излегувате, а со која сте во опуштен однос, за кој знаете дека нема да прерасне во врска, баш сега би можела да смисли некој многу креативен состанок или прекрасен поклон кој сте го споменале како желба уште во септември, а би можеле да добиете и запознавање со пријателите преку Zoom. Иако звучи бајковито и како да почнале да ви се исполнуваат желбите, оваа љубов и поврзаност, може да пукне како и снежната топка, доколку неспретно ја ставите на полица.

Кога возбудувањето после најубавиот период во годината ќе помине, се намалува и интензитетот на чувства спрема вас. Психолози сметаат дека луѓето, всушност, сето тоа го правеле ненамерно. Најчесто станува збор за комбинација на осаменост, притисок од фамилијата и носталгија. Истражување покажало дека кога сме социјално изолирани и се чувствуваме осамено, нашиот мозок реагира со активирање на невротрансмитери, одговорни за емоционална добросостојба, мотивирајќи нè да бараме повеќе социјална интеракција. Со други зборови, кога се чувствуваме осамено, нашиот мозок се програмира на тоа да нè поттикне да побараме дружење. Со малку класично притискање на фамилијарен ручек, со прашања околу дечко/девојка, имаме искрена потреба за нешто што ќе се претвори во несвесни постапки.

Ако приметите драматични промени во однесувањето или во времето или стилот на комуникација, тоа обично е сигнал дека врската се менува. Ако личноста со која излегувате, премине од организирање дружења секоја втора недела, до желба да ве гледа секој ден, непосредно пред Божиќ и Нова година, бидете претпазливи. Морате да имате на ум дека не можете да контролирате друга личност, можете да контролирате само како вие реагирате на одредена ситуација. Ако гледате дека ситуацијата станува малку претерана, прозборете и известете го партнерот или пријателот дека чувствувате различна вибрација и прашајте во што е работата. Можете, како што се вели, да уживате авантурата, но лежерно, со мисла во глава, дека овој љубовен снег ќе се стопи после празниците.

Прочитајте за овие топ 5 сексуални трендови во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар