Слоевити салати на 3 начини

Слоевити салати на 3 начини

Се ближат празниците, па на сите ни требаат свежи идеи кои ќе ја збогатат нашата трпеза. Еве неколку предлози за слоевити салати во кои сите ќе уживаат.

Салата со харинги и цвекло

Слоевити салати на 3 начини

Потребни состојки:

  • 4 средни компири
  • 4 филети од харинги
  • 2 моркови
  • 2 кромида
  • 5 лажици мајонез
  • 2 јајца
  • 1 средна главица цвекло

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги компирите, морковите и цвеклото со се лушпата.
  2. Излупете ги и изрендајте ги.
  3. Сварените јајца и кромидот ситно исечкајте ги.
  4. Харингите иситнете ги на помали парчиња.
  5. Слоевите наредете ги според следниот редослед: харинги, кромид, моркови, компири, јајца, па цвекло.
  6. Помеѓу секој слој состојки нанесете тенок слој мајонез. Нанесете тенок слој мајонез и одозгора. Гарнирајте со магдонос.

Слоевита салата со шунка

Слоевити салати на 3 начини

Потребни состојки:

  • 3 компири
  • 300 г шунка на парчиња
  • 3 кисели краставички
  • 3 моркови
  • малку свеж власец
  • 3 јајца
  • 30 г грашок
  • 1 кромид
  • 2 лажици мајонез

Начин на подготовка:

  1. Сварените компири и моркови исечкајте ги на коцки.
  2. Исечкајте ја и шунка и краставичките на коцки.
  3. Тврдо варените јајца изрендајте ги.
  4. Надробете го кромидот.
  5. Слоевите наредете ги според следниот редослед: компири, шунка, мајонез, кисели краставички, моркови, мајонез, кромид па јајца.
  6. Меѓу секои 2 слоја намачкајте мајонез.
  7. Одозгора украсете со грашок.

Слоевита салата со лосос, ориз и авокадо

Слоевити салати на 3 начини

Потребни состојки:

  • 1/2 кг обичен или чаден лосос
  • 200 г ориз
  • 2 авокада
  • 2 лажици мајонез
  • неколку гранчиња свежо нане
  • 3 моркови
  • 50 г кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги морковите и исечкајте ги на коцки.
  2. Сварениот лосос (ако купите чаден не треба да го варите) исечкајте го на коцки.
  3. Сварете го оризот во солена вода и изладете го.
  4. Исечкајте го авокадото на коцки. Измешајте го мајонезот со зачините.
  5. Изрендајте го кашкавалот.
  6. Слоевите наредете ги според следниот редослед: лосос, ориз, авокадо, слојот од мајонез и зачини, па рендани моркови.
  7. На крајот наросете со кашкавал.

Добар апетит и весели празници!

Можеби сакате да дознаете и како се подготвувa лесна салата со краставица и авокадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар