Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

Ако пребарате на Инстаграм Butterfly pea flower ќе најдете безброј фотографии со чаши исполнети со прекрасна сина течност. Се чини дека овој напиток од растението син грашок веќе го замени популарниот мача чај, што го гледавме на социјалните медиуми во сите форми во последните неколку години.

Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

Синиот чај не само што е фотогеничен, туку е и одличен како дел од исхраната за секој што практикува холистички пристап кон здравјето. Имено, тој со векови се користи во традиционалната ајурведска медицина при третирање на анксиозност, стрес, но и како седатив.

Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

Овој екстракт од син грашок се користи и во подготовката на десерти за додавање боја на разни јадења, а во некои делови на Азија, цветот се користи и како деликатес – мариниран во мешавина од брашно и пржен во масло.

Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

Гастро блогерите постојано истражуваат нови трендови, па не пропуштија на своите профили да споделат фотографии од најновиот тренд – синиот чај. Сите оние кои го пробале, велат дека синиот чај е вкусен во топла или ладна варијанта, а исто така богат е со антиоксиданти.

Автор: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар