Кучето Џаспер ќе ве освои за миг: Само погледнете го овој снежнобел весел лик!

Кучето Џаспер ќе ве освои за миг: Само погледнете го овој снежнобел весел лик!

Во последните неколку години има многу иницијативи кои повикуваат на посвојување домашни миленици. Среќата во очите и радоста што ги покажуваат овие напуштени малечки, веднаш штом некој ќе им посвети малку љубов и внимание, е незаборавен момент. На многумина им е тешко да се одлучат за посвојување, затоа што сакаат чистокрвно куче. Џаспер е мешавина, но тоа не ја намалува неговата убавина. Напротив – пресладок е!

Џаспер бил посвоен пред две години. Сопствениците претпоставуваат дека тој е стар околу три години, а откога пристигнал во нивните животи, домот им станал посреќно место.

Со својот изглед, Џаспер го привлекува вниманието на улиците, како и во секое кафуле што го посетува со своите сопственици. Најмногу ужива да шета низ градот, да посетува кафулиња и паркови. Тој често седи на масата, имитирајќи ги своите сопственици.

Излегувањето од дома за Џаспер е незамисливо без внимателно избрани околувратници, марами, каиши и разни други додатоци. Тој не носи парчиња од високата мода, туку поддржува проекти за дизајнирање модни додатоци со хуманитарна цел. Од набавката на модните додатоци, најголемиот дел од профитот е наменет за организации за спасување животни.

Автор: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар