Сигурни знаци дека ви е потребна итна промена доколку сакате да бидете среќни

Сигурни знаци дека ви е потребна итна промена доколку сакате да бидете среќни

Веќе подолго време имате чувство дека секојдневието ви е безлично, а активностите кои ги правите не ве радуваат како порано. Исто така, имате песимистички очекувања за исходот на сите ваши планови, а својот неуспех го споредувате со успехот на другите. Сето ова укажува на тоа дека вам ви е потребна итна промена доколку сакате да се чувствувате среќно и задоволно во животот.

Сигурни знаци дека ви е потребна итна промена доколку сакате да бидете среќни

1. Не можете да бидете среќни доколку сте споредувате со другите

Споредувањето со другите е една од оние работи кои го блокираат патот до среќата во животот. Колку и да сте успешни, вие секогаш ќе имате чувство дека не сте доволно добри во споредба со другите. Но, овој начин на размислување е многу токсичен. Научете да бидете задоволни од тоа што веќе сте го постигнале и работете на тоа да станете најдобрата верзија од себеси.

2. Се будите со чувството дека вашиот живот нема поента

Секој заслужува да се буди со чувството дека ќе има што да прави во текот на денот. Како и да е, ако наутро не знаете што со себе, можеби треба да направите некои промени во вашето секојдневие. Нештата кои ги правите во текот на денот не мора да бидат грандиозни. Најдете работа каде ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате, запишете се на курс каде ќе го научите јазикот којшто сакате да го зборувате или почнете да вежбате некој спорт. Поентата на животот е да уживате во секоја минута!

3. Вашата среќа зависи од другите луѓе

Сосема е нормално да имате убав социјален живот, но вашата среќа не треба да зависи од односот со вашите најблиски. Доколку се чувствувате лошо поради тоа што вашите пријатели ве одбиле за дружба бидејќи се зафатени, можеби е време да размислите зошто дозволувате вакви работи да ве прават несреќни.

4. Повеќе зборувате за вашите цели отколку што работите на нив

Со часови зборувате за вашите цели и соништа, за сите планови кои ги имате во иднина. Постојано велите „Еден ден ќе напишам книга“ или „Ќе започнам свој бизнис“. Можете засекогаш да зборувате за работите кои сакате да ги постигнете, но сѐ е бесцелно доколку не работите на нивното остварување.

5. Песимистични сте дури и кога работите се одвиваат одлично

Многумина ја чувствуваат потребата да ја саботираат сопствената среќа. Можеби поради негативните искуства, вие очекувате тие повторно да се случат иако сѐ е во ред. Во животот има подеми и падови, но бидете благодарни кога работите се одвиваат одлично и научете како да уживате во тие моменти.

6. Вашето окружување делува негативно на вас

Навистина е неверојатно како окружувањето може да влијае на нашето расположение. Доколку забележите дека лесно се вознемирувате, дека се чувствувате неинспирирано или дека сте уморни од истите работи околу вас секој ден – пробајте да ја смените околината. Наместо да бидете дома цело време, излезете во кафуле, прошетајте во природа или посетете некој интересен музеј. Правете работи кои се надвор од вашата вообичаена агенда.

7. Ги обвинувате другите за вашата несреќа

Постојат луѓе кои ќе ве разочараат, а некои животни случувања ќе ве натераат да помислите дека сите бродови ви потонале. Тие нешта болат и сигурно се прашувате зошто ви се случиле токму вам. Но, многу е важно да знаете како да ги надминете и да се ослободите од тагата. Ова нема да се случи преку ноќ и ќе треба да вложите напор за да најдете мир. Сепак, вие сте тие кои сте одговорни за својата среќа и не дозволувајте да се чувствувате тажно поради личности кои не се грижат за вас.

Не сте среќни на работното место? Дознајте тука дали е време да ја промените вашата кариера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар