Штолен: Германски божиќен колач по кој полуде цел свет

За богата божиќна трпеза

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно
  • 300 грама суво овошје (грозје, кајсии, урми, смокви, цреши – комбинацијата зависи од вашите желби)
  • 100 грама јаткастки плодови (бадеми и ореви)
  • 100 грама кандирани цитрусни овошја
  • 300 грама путер
  • 200 милилитри млеко
  • 150 грама шеќер во прав
  • 50 грама мед
  • 50 милилитри бренди
  • 1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамом, каранфилче и ванила)
  • 1 кесичка сув квасец
  • Прстофат сол
Начин на подготовка:

Исечкајте го на ситни парчиња сувото грозје и прелијте го со брендито, и оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици брашно, мед и квасец и оставете го да отстои на топло. Останатото брашно просејте го, и додајте му сол и зачини. Во центарот направете вдлабнатина во којашто ќе го сипете млекото заедно со квасецот. Исечкајте го путерот на коцкички и ставете го околу вдлабнатината.

Месете додека не добиете мазно тесто, па постепено додавајте ги исечканите јатки и сувото овошје што стоеше во течноста. Кога тестото ќе порасне дупло, уште еднаш премесете го. Обликувајте го како колачот на фотографијата, односно како штолен, и ставете го во тава претходно обложена со хартија за печење.

Оставете да порасне уште 1 час, па ставете го во рерна претходно загреана на 180 степени. Ако е потребно, покријте го и со алуминиумска фолија за да не изгори во текот на печењето. Готовиот штолен премачкајте го со растопен путер, што уште е топол и потоа просејте го шеќерот во прав. Уживајте!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар