Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

Да, знаеме. Жената е мистерија. Никогаш не знаете што мисли, што сака (бидејќи и самата не знае) и најважно од сè – како да ја задоволите. Вечна дилема за мажите е откривањето дали партнерката е вистински сексуално задоволена или само не сака да го навреди. Затоа, да ви помогнеме. Еве што сè жените посакуваат мажите да знаат за сексот.

Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

Сексот не завршува кога мажот ќе заврши

Постои голема шанса вашата партнерка да сака да продолжите за играта да биде фер.

Вашата девојка нема да ги сака истите работи што вашата бивша ги сакала во кревет

Бидејќи сите девојки се различни, едноставно прашајте ја што ѝ се допаѓа, а што не.

Кога не можете да го најдете клиторисот употребете зборови

Прашајте ја вашата партнерка дали ѝ се допаѓа она што го правите.

Бидете внимателни, жените се премногу чувствителни

Тоа премногу добро може да стане болно, па бидете нежни.

Обрнете повеќе внимание на предиграта

Навистина, не посветувајте ѝ само неколку секунди, предиграта е важна за жените. Направете вашата партнерка да биде таа која ќе ви рече да прекинете со предиграта.

Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?

Не очекувајте вашата девојка да биде како порно ѕвездите

Ниту на изглед ниту во кревет. Тоа што нема да вреска како заклана не значи дека не сте добар во кревет.

На жената ѝ е потребно повеќе време за да доживее оргазам

Многу повеќе за разлика од мажот.

„Работата“ со прсти веројатно нема да ја доведе вашата партнерка до оргазам

Какви и да се вашите очекувања, тоа е вистината.

Жените не сакаат секс за време на менструација

Од голем број причини. Да почнеме со непријатноста и стравот од инфекција. Едноставно воздржете се неколку дена.

Жените не се толку физички слаби

Жените поднесуваат големи болки секој месец, а да не зборуваме за породувањето. Затоа, не плашете се одвреме-навреме да бидете малку груби, вашата партнерка нема да се скрши на парчиња. Секако, повторно бидете внимателни и не заборавајте дека рековме МАЛКУ груби.

Не плашете се на вашата партнерка да ѝ „сервирате“ нови и жешки предлози

Конзервативното верување дека жените се воздржани кога станува збор за сексот, е само стереотип од 19-ти век. Жените сакаат да уживаат во сексот исто колку и мажите и сакаат да пробуваат нови работи. Така што, не плашете се, кажете ѝ ги вашите најскриени фантазии на вашата партнерка.

Што жените сакаат мажите да знаат за сексот, но не би им кажале сами?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар