Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

Возбудлив шпионски трилер

Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)Режија: Антон Корбејн

Улоги: Филип Сејмур Хофман, Рејчел МекАдамс, Вилијам Дефо, Григориј Добрјугин

Времетраење: 122 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 август 2014

Жанр: трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,33 од 10)
Loading...

Иса Карпов е конвертиран муслиман и бегалец од Чеченија кој бил брутално мачен од руските тајни служби пред нелегално да влезе во Германија во обид да остане во Хамбург. Во исто време германскиот разузнавачки агент Гинтер Бахман (Филип Сејмур Хофман) води тајна операција во која го следи д-р Абдула, филантроп кој финансира муслимански добротворни организации на Блискиот Исток, но тој се сомнева дека парите всушност одат за терористички активности.

Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

Карпов во Хамбург ја контактира Анабел Рихтер (Рејчел МекАдамс), адвокат од непрофитна организација која застапува мигранти. Таа него го поврзува со Томи Бру (Вилијам Дефо), банкар кој перел пари за татко му на Карпов и кој сè уште чува дел од нив. Бахман се сомнева дека тие пари можат да завршат кај радикални исламисти и го вклучува и операцијата против Абдула ја проширува и на Карпов. И Американските тајни служби се интересираат како да стигнат до Чеченецот, германските власти посакуваат да го уапсат, а Бахман сака да ги склопи коцките така што ќе стигне до многу поголем плен од нив двајца.

Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

„Најбараниот човек“ е одличен шпионски трилер: возбудлив, замрсен, малку мистериозен, а за да се добие големата слика потребно е извесно поврзување на настаните и ликовите. Затоа првиот половина час е бавен и поминува во изнесување на информациите кои се неопходни за тој да се сфати, а потоа следува вистинската возбуда со понатамошниот развој на дејството и формирањето на финалната слика за настаните. Ова е многу добро осмислен трилер. Сниман е според книга за чиј жанр се вели дека „се чита во еден здив“. Истото важи и за филмот.

Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар