Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

Ако сметате дека сте ранобудник со тоа што се будите околу 6 и 30 или 7 часот, тогаш може да бидете изненадени кога ќе чуете дека има и такви кои се будат помеѓу 3 и 4 часот наутро и веќе имаат воспоставени рутини и активности. Луѓето кои се будат рано тврдат дека утрата се неверојатни, а долгиот дневен циклус ги исполнува со енергија за наредниот ден. Секако, сето тоа го прават кога другите уште спијат.

Што успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?

Според ранобудниците, важно е да се „фати“ денот и обврските да се завршат додека надвор има дневна светлина, што е сосема нормален и посакуван ритам на функционирање на човековото тело. Оние кои спијат до доцна пропуштаат значаен дел од денот и прекратко се изложени на сончеви зраци. Сепак, без разлика кога се будиме, важно е да се запази правилото на најмалку 7, а најмногу 8 часа ноќно спиење. Ова се рутините на неколку ранобудници што е добро да ги знаете…

1. Венди П., 40 години, обвинителка, авторка и предавачка на универзитет

Будење: Околу 3 часот наутро, вообичаено без аларм

Заспивање: 20 часот, секогаш кога може

Утрински рутини:

3:00 – Будење и пиење кафе, почнува со пишување веднаш
4:00 – Појадок и подготовка на статии и презентации
6:00 – Вежбање со неколку од колегите пред започнување на работното време

Таа се држи до строго дефинирани активности по работното време, за да може да стигне да се подготви за спиење во 20 часот.

2. Линди Л., 46 години, воспитувачка

Будење: Околу 4 часот наутро, најдобро во 3 и 45

Заспивање: Периодот меѓу 22 и 22 и 30

Утрински рутини:

4:00 – Будење и смирување на телото, мислите и чувствата
4:05 – Вежби за длабоко дишење
4:10 – Пиење околу еден литар вода
4:15 – Зацртување на дневните цели, молење и медитација
4:20 – Вежби за лесно истегнување
4:45 – Подготовка за работниот ден
5:15 – Читање дневни весници
5:20 – Подготовка и пиење витамински пијалак
5:45 – Излегување од дома

Таа смета дека утрата се магични и дека времето коешто си го посветуваме во утринските часови е најдобро нешто што можеме да си го дозволиме.

3. Кејт С., 36 години, лиценциран диететичар

Будење: Помеѓу 4 и 15 и 5 и 30 наутро

Заспивање: Помеѓу 21 и 22 часот навечер

Утрински рутини:

4:30 – Будење, подготовка на кафе и пиење витамински пијалак
4:45 – Пиење кафе и прелистување весници и списанија
5:00 – Медитирање
5:30 – Подготовка, 45-минутно вежбање и туширање со топла вода
6:45 – Подготовка на зелено смуди за во текот на денот
7:15 – Тргнување на работа

Кејт веќе со години го практикува раното будење, но уште го нема навикнато телото самото да ѝ се буди во тој период, па затоа секогаш мести аларм.

Што успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?

4. Брајана М., 25 години, блогерка и авторка

Будење: Околу 4 и 30 и 5 часот наутро

Заспивање: Помеѓу 20 и 30 и 21 и 30

Утрински рутини:

4:30 – Будење, планирање на денот, па правење вежби за истегнување
5:00 – Редовно дополнување на листата на нешта за кои е благодарна
5:15 – Вежбање на лента за трчање
5:45 – Еден час јога и медитирање
6:45 – Туширање
7:00 – Подготвување на децата за во училиште
7:30 – Појадок со семејството

Таа ги прави сите овие нешта за да се осигури дека за тој ден ќе биде исполнета со позитивна енергија, што ќе ѝ донесе успех. Ваквиот начин на функционирање ја релаксира.

5. Кари С., 52 години, консултантка за социјални мрежи и авторка

Будење: Меѓу 4 и 30 и 5 и 15 наутро

Заспивање: Периодот меѓу 20 и 30 и 22 часот

Утрински рутини:

4:30 – Будење, подготовка на кафе и пуштање на кучињата надвор
4:45 – Почнување со дел од работата, додека ужива во свежото кафе
5:50 – Завршување на работата и подготовка за пливање
6:00 – Пливање околу еден час
7:00 – Работење уште неколку часа пред подготовка на оброк

Според Кари, продуктивноста е најголема во утринските часови, а понатаму може нагло да падне, па затоа е важно уште рано да се започне денот.

Погледнете ги останатите 5 рутини на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар