Што се случува кога единствената токсична личност во вашиот живот сте самите вие?

Вие можете целосно да се ослободите од токсичните луѓе околу вас, кои постојано ве влечат надолу со себе. Исто така лесно можете да почнете и да ги избегнувате оние места кои знаете дека лошо ви влијаат. Но, што се случува кога самите сме си својот најголем непријател? Погледнете ги следниве 3 знаци кои укажуваат дека единствената токсична личност во вашиот живот сте си вие и дека е време да преземете нешто со цел да ја подобрите вашата психолошка состојба.

Што се случува кога единствената токсична личност во вашиот живот сте самите вие?

1. Депресија и анксиозност

Кога работите против себеси, вие се изолирате од останатите луѓе. Дури и да сте екстроверти, ќе почнете да ги избегнувате социјалните настани со цел да имате што е можно повеќе слободно време за да бидете во вашата соба. Ова не е во ред. Доколку овој период подолго време трае, вие целосно ќе ја изгубите желбата да запознавате нови луѓе, а можеби дури и ќе почнете да ги пропуштате шансите за почеток на нова љубовна врска. Едноставно ќе ѝ дозволите на депресијата да почне да владее со вашиот живот, без шанса за подобрување.

2. Повторување на истите грешки

Доколку потсвесно живеете во минатото, тогаш ќе почнете да им се восхитувате на оние нешта и ситуации кои всушност ве влечат надолу. Откако еднаш ќе пуштите корења кон минатото, болката ќе се врати повторно во вашиот живот, терајќи ве одново да минувате низ истите грешки. Пробајте да се фокусирате на вашите мисли. Што ви велат тие? Дали чувствувате вина или пак, можеби дека не сте добри за ништо? Дали ви е потребна потврда од луѓето околу вас или дозвола за да го надминете тоа што се случило? Ова е еден од најлошите начини на кои можете да бидете токсични за себе. Мислите за кои не сте свесни дека постојат можат да направат најголема штета.

3. Не си дозволувате да чувствувате

Дали сте забележале дека во последно време правите сè само за да не останете сами со вашите емоции? Без разлика дали станува збор за прекумерно време на работа или пак, за гледање филмови во текот на целото слободно време, вие само си го одвлекувате вниманието од себе и не си дозволувате да се соочите со тоа што моментално ви се случува. Дури и да поминувате низ лош период, дозволете си да го почувствувате тоа, бидејќи во спротивно никогаш нема да можете да го надминете. Единствениот начин да се справите со лошите емоции е доколку се соочите со нив.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар