Што после свадбата: Кои се добрите, а кои лошите нешта во првата година од бракот?

Велат дека во првата година од бракот многу нешта се менуваат и секој пар има различно искуство. Првата година од бракот е исполнета со многу изненадувања – некои добри, некои лоши и кога ќе помине, тогаш ќе ги разберете сите нешта кои вашите пријатели и вашата фамилија сакале да ви ги кажат.

0-shto-posle-svadbata-koi-se-dobrite-a-koi-loshite-neshta-vo-prvata-godina-od-brakot-kafepauza.mk

Добри нешта

  1. Секогаш имате рамо за плачење кое ќе ве сослуша и на кое можете да се потпрете после тежок ден на работа.
  2. Ако двајцата си ги сакате пријателите и фамилијата на другиот, тогаш вашиот социјален круг постојано ќе расте. Исто така, тоа е одличен начин да ги споите обете фамилии и пријателите.
  3. Иако сте биле долги години во врска, сепак учите нови нешта за личноста со која сте во брак.
  4. Во првите години од бракот, ако немате деца имате повеќе приходи кои можете да ги потрошите онака како што сакате.
  5. Можете да се забавувате дома на разни начини. Ете начин да го исчистите домот, а сепак да се забавувате заедно.
  6. Ги делите домашните обврски.
  7. Обрнувате повеќе внимание на вашата иднина и однапред правите планови за годините што следат.

Лоши нешта

  1. Трошите двојно повеќе пари на родендени и празници затоа што одите и кај вашите, но и кај неговите/нејзините роднини и пријатели.
  2. Треба да се откажете од некои домашни традиции за да ги прифатите неговите/нејзините.
  3. Треба да се консултирате со партнерот за сите финансиски прашања, иако со години сте биле одговорни за вашите сопствени финансии.
  4. Не се грижите само за вашето здравје туку и за она на партнерот. Кога тој/таа е болен/на вашиот живот се превртува наопаку, а истото важи за родителите, а и за браќата и сестрите.
  5. Кога ја планирате иднината тоа значи дека треба да штедите пари, а ако двајцата имате скапи хобија компромисот ќе ви е и повеќе од потребен.
  6. Двојно повеќе алишта за перење. Двојно повеќе ѓубре. Двојно поголем хаос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар