Што не смеете да јадете додека возите?

Сте размислиле ли некогаш колку е опасно да отворите чоколатце додека возите? Докажано е дека 80% од сообраќајките се случуваат баш поради оваа причина.

1-shto-ne-smeete-da-jadete-dodeka-vozite-www.kafepauza.mk_

Според светските осигурителни компании, навистина постои храна која ве дефокусира од возењето. Погледнете ја листата и размислете што ќе грицкате нареден пат додека возите.

Кафе – Не се препорачува да пиете кафе додека возите, заради опасноста да го истурите во скутот и притоа да се изгорите.

Топла супа – Супата е чест избор за брз и хранлив оброк, но во никој случај не смее да се консумира додека се вози.

Тако – Оваа вкусна мексиканска тортиља е докажано дека го одзема вниманието при возењето.

Хот-дог – Овој сендвич е опасен заради истите причини како такото. Двете јадења се неуредни кога се подготвуваат и тоа е причина за одземање на вниманието.

2-shto-ne-smeete-da-jadete-dodeka-vozite-www.kafepauza.mk_

Хамбургер – Хамбургерите се едни од најопасните јадења кои не смеете да ги јадете додека возите. Јадејќи го сендвичот, вашите раце ќе се измрсат и мрснотијата веднаш ќе ја пренесете на воланот. Ова може да резултира со лизгање на рацете додека возите.

Пилешки крилца – Да, некои луѓе го јадат и ова зад воланот. Една и најважна причина поради која не е препорачливо да се јадат е заради лижењето на прстите по секое изедено пржено пилешко крилце.

Сок – Исто како и кафето, може да се истури.

Чоколадо – Тоа се топи на вашите прсти секој пат кога земате коцка, а вие упорно ќе сакате да ги исчистите прстите за да можете да возите.

Woman commuting in traffic

Крофни – Научно е докажано дека кога јадеме крофна, погледот задолжително ни паѓа на преливот кој се растекува по неа.