Што ќе се случи ако во полна машина со алишта ставите алуминиумска фолија во форма на топка?

Перењето алишта ретко на кого му е омилена домашна задача, а со оглед на тоа што мора секојдневно да се прави, бидејќи нечистите алишта се насобираат, понекогаш може да изгледа како задача без крај. Додајте на тоа и спружување, пеглање и диплење – и веќе одма ќе почувствувате нервоза.

Сепак, и покрај сето тоа време што треба да го посветите, облеката пак премногу брзо се деформира и распаѓа, особено кога станува збор за пешкирите. Кој сака да си го избрише лицето наутро и да се изгребе од пешкирот? Иако омекнувачот за алишта понекогаш добро си ја врши работата, сепак ни тој не е здрав ако се користи во големи количини – особено за вашата кожа.

Алуминиумската фолија има моќ да го ослободи статичкиот електрицитет од вашите алишта, да ги сочува и да ги омекне. Или бар така тврдат жените и мажите што го пробале овој трик! Сè што треба да направите е да исечете мало парче фолија, да го стуткате во топче и да го ставите во машината за перење и/или за сушење на алиштата.

Доволно е само едно перење за да видите разлика! Исто така, топчето од фолија може да ви трае и до 6 месеци од првата употреба. Па, би го пробале ова? Или можеби веќе сте го пробале? Споделете ги со нас впечатоците во коментарите подолу.

Прочитајте ги и овие 10 важни совети за правилно перење во машина за алишта и сушење на зимската јакна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар