Животни лекции од психологот Вилијам Џејмс: Песимизмот води кон слабост, оптимизмот кон моќ!

„Вие сте единствената среќна личност што ја познавам“, му рекол еден човек на Вилијам Џејмс, американскиот филозоф и психолог. „Секогаш има насмевка на вашето лице, дури и кога се соочувате со најголемите потешкотии.“

„Не се смеам затоа што сум среќен“, одговорил Џејмс. „Јас сум среќен затоа што цело време се смеам.“

Оваа кратка приказна ни ја претставува, во најкратка форма, филозофијата за среќа на овој психолог. Неговата теорија е дека токму среќата нè мотивира и претставува клуч за човечката еволуција. Токму затоа и решивме да споделиме уште неколку позитивни животни мисли од Вилијам Џејмс, што без сомнение ќе ви ја дадат потребната инспирација.

„Песимизмот води кон слабост, оптимизмот ни дава моќ.“

„Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да отфрлиме друга.“

„Однесувајте се како вашето однесување да може да смени сè. Бидејќи може.“

„Здравиот разум и смислата за хумор се две исти нешта, што се движат со различна брзина. Смислата за хумор е всушност здрав разум, но во поразиграна форма.“

„Најголемото откритие на мојата генерација е тоа дека човечкото суштество може да го измени својот живот така што ќе си го смени однесувањето.“

„Бидете спремни за прифаќање. Прифаќање на она што се случило е првиот чекор во надминувањето на последиците на каква било несреќа.“

„Секојдневно правете по една работа што попрво би ја избегнале. Благодарение на тоа, ќе бидете спремни да го поднесете притисокот кога ќе ви се укаже неопходната потреба да направите нешто слично.“

„Токму нашиот однос на почетокот на некоја тешка задача, повеќе од што било останато, е тоа што води кон успешен исход.“

Прочитајте ги и цитатите од психологот Дејл Карнеги: Однесувајте се како да сте среќни и ќе станете посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар