Што ќе се случи ако не ја излечите кандидата?

Што ќе се случи ако не ја излечите кандидата?

Иако е тешко да се игнорира, кандидатa им изгледа како нормална појава на жените во одредени период од нивниот живот. Но, како што станувате поподложни на неа, така таа се шири и може да предизвика многу проблеми доколку не е навреме излечена.

За многумина кандидата е позната како главниот причинител на габични инфекции во интимната област, но таа исто така е габа чие природно живеалиште е во дебелото црево, под контрола на добрите бактерии. Кога ќе се уништи внатрешната рамнотежа, кандидата се спушта во тенкото црево, желудникот или во гениталниот систем – што е на голема мета кај жените.

Кога сме најподложни на нејзиното ширење?

Кандидата најчесто почнува да создава проблеми во следниве ситуации:

  • Хормонски промени
  • Пиење антибиотици
  • Терапија со кортикостероиди
  • Нерегулирана шеќерна болест
  • Опаднат имунитет
  • Неправилна исхрана (нездрава храна, млечни производи, премногу шеќер…)
  • Стрес

Габичната инфекција предизвикана од кандида е тешко да се игнорира. Таа се карактеризира со чешање, зголемен бел исцедок, црвенило и чувство на горење и непријатност при мокрење или сексуален однос. Други симптоми вклучуваат бели наслаги на јазикот, непријатен здив, болки во долниот дел од грбот, хроничен умор, болки во зглобовите, кожни инфекции, дијареја или запек, чести главоболки проследени со притисок…

Иако борбата со кандидата понекогаш се претвора во затворен круг, треба да бидете упорни. Првиот чекор при лекување се антимикотиците, односно кремите и вагиналетките против габични инфекции. Проблемот со кандида може да се врати брзо после терапијата доколку не ја одржувате природната киселост на вагината.

Како да го спречите нејзиното враќање?

Соодветното и доследно лечење во комбинација со правилна хигиена на интимната област и здравата исхрана се клучни фактори во борбата против кандидата.

Експертите исто така советуваат минимално користење сапун при миењето на интимната зона за да не ја нарушите нејзината природна киселост. Со сапунот, покрај лошите бактерии вие ги уништувате и добрите, па создавате совршена област за габична инфекција.

Што се однесува до исхраната, ако сакате во организмот да создадете несоодветни услови за кандидијаза, намалете го внесувањето на шеќери, пченични производи и млеко, избегнувајте индустриски преработени производи и печива со јаглехидрати. Зајакнете го имунитетот со природни препарати и редовно ставајте вагинални пробиотици за да ја одржите рамнотежата на добрите бактерии во организмот.

Што ќе се случи ако не ја излечите кандидата?

Кога кандидата ја напаѓа интимната област, не е лесно да се добие дијагноза. Со оглед на тоа што постои широк спектар на симптоми кои често се занемаруваат, кандидата може долго да живее во нас, создавајќи ни проблеми, а ние да не сме свесни дека е од неа.

Со тек на време, таа може да создаде и гастритис и други проблеми со варењето. Исто така, го отвора патот и на најразлични бактериски инфекции поради ослабениот имунитет. Без соодветниот третман, кандидата може да доведе и до многу други болести, како хронично воспаление на цревата, артритис и рак на матката.

Само трпеливо: Пробајте ги и овие 5 природни рецепти против кандида.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар