Што кажуваат брчките на вашето лице за вашето здравје? Проблемите со срцето се читаат од челото

Брчките на лицето, освен што ги издаваат нашите години и акумулираниот замор, укажуваат и на тоа од која болест постои можност да заболиме во иднина.

Што кажуваат брчките на вашето лице за вашето здравје? Проблемите со срцето се читаат од челото

Така на пример, длабоките брчки на челото можат да бидат ран показател на атеросклероза, односно засирени крвни садови кои можат да доведат до сериозни срцеви заболувања. Во студија која траела 20 години и во учесниците биле на возраст од 32 до 62 години, се открило дека луѓето со длабоки брчки на челото почесто умирале од срцеви болести во однос на оние кои ги немале. Настанувањето на овие линии на челото најчесто е предизвикано од стрес, кој е пак најголемиот причинител на болестите на срцето.

Брчки на образите – рак на кожа

Дури и кога на вашата кожа на лицето ги нема препознатливите дамки од сонце кои укажуваат на можна појава на рак на кожа, присуството на тенки брчки на образите упатува на истото.

Многу ситни брчки – висок крвен притисок

Претходно споменатата студија покажала дека жените кои во зрелите години можат да се пофалат со младолик изглед и недостаток на впечатливи брчки всушност имале понизок крвен притисок од оние со видливи линии. Научниците сметаат дека тоа е зашто крвните садови на госпоѓите без брчки се поздрави и со самото тоа изгледаат помлади, така што подобро ја штитат кожата. Додека, кај оние со видливи брчки, вените биле во полоша состојба, односно тие биле помалку проодни поради што постоел ризик од висок крвен притисок.

Изразена збрчканост по целото лице – остеопороза

Врската помеѓу остеопорозата, болеста на коските и богатата мрежа од брчки на лицето е колагенот. Имено, со години во нашето тело се намалува лачењето на овој протеин заслужен за еластичноста на кожата, но и за цврстината на коските. Резултатот од ова е истовремено повеќе брчки и покревки коски склони кон остеопороза.

Прочитајте повеќе на темата во ова истражување кое открива дека длабоките брчки на челото може да се прв знак за срцева болест и смрт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар