Што е љубов, а што не е?

Ова е едно од оние прашања што секој си ги има поставено, од тинејџери, до романтични поети и филозофи, па и љубопитни научници. Можеби го имаме одговорот на тоа прашање, а тоа е дека… сè зависи од вашата перспектива!

shto-e-ljubov-a-shto-ne-kafepauza.mk

Различни дефиниции за љубовта

Од гледна точка на романтичар: Љубовта е совршена

Што е љубовта за вас? Дали мислите дека треба да биде лесна и без несогласувања? Или пак, можеби мислите дека партнерите треба секогаш да се разбираат? Доколку се сложувате со ова, вие сте романтичар. Но, вистинската љубов на прв поглед е речиси невозможна. Треба работа и време за да се одржи тоа чувство. Идејата за совршена љубов може да ја направи вашата врска многу нездрава.

Од гледна точка на научник: Љубовта е поврзана со нашето сетило за мирис

Ако сте аналитичар, можеби мислите дека љубовта е поврзана со биологијата. Оваа идеја за љубовта всушност е поддржана од научни докази. Истражувачи од Швајцарија се обиделе да ја пронајдат поврзаноста помеѓу нашето сетило за мирис и привлечноста кон некоја личност. Тие откриле дека генот МХЦ во човечката ДНК можеби е причината за љубовта.

Од гледна точка на реалист: Љубовта е ако океан

Реалистите сметаат дека љубовта е како океан, полна со бранови и струи. Ова мислење за љубовта е понормална дефиниција за неа. Разбирањето на прашањето „Што е љубов?“ не е баш лесно. Љубовта бара работа, која на долгорочен план ќе ве подготви за поздрава и стабилна врска.

Што не е љубов?

Додека дефиницијата за љубовта зависи од вашата перспектива, има некои работи кои сигурно не се љубов. Погледнете дел од нив…

Занес наспроти љубов

Занесот е она чувство кое секој го има на почетокот на љубовната врска. Чувството кое ве држи будни навечер и ви го одзема вниманието во текот на денот е всушност занес. Бидејќи чувството на заљубеност е многу слично со ова, лесно е да се помешаат. Кога се запрашувате што е љубов и ако мислите дека тоа е ова чувство, вашата врска веројатно нема да ја преживее првата пречка. Вистинската љубов од друга страна, трае подолго.

Страст наспроти љубов

Можно е овие две да се помешаат, но воопшто не се исти. Како да ја најдете разликата? Па ако сте повеќе заинтересирани за спалната соба отколку за разговор, или ако сте фокусирани на изгледот на вашиот партнер, веројатно чувствувате страст, а не љубов. Доколку на прашањето што е љубов одговорите со страст, ќе се заробите во врска од фантазијата наместо да ја барате вистинската.

Пријателство наспроти љубов

Пријателството и љубовта многу често се слични чувства што може да биде збунувачки. Ова е така бидејќи може да чувствуваме љубов кон пријател или да чувствуваме дека и партнерот ни е пријател. Лесно е да се помешаат пријателствово и љубовта бидејќи често поминуваме многу време со пријателите и без нив не можеме да си го замислиме нашиот живот. А ова е истото што го чувствуваме и за нашиот партнер. Па доколку сте збунети за врската со некој, обидете се да се фокусирате на хемијата помеѓу вас, нивото на интимност и интензитетот на вашите чувства. Накратко, колку посилни се вашите чувства кон некоја личност, толку е поверојатно дека сте заљубени.

Емоционална зависност наспроти љубов

Понекогаш заљубеноста може да биде и емоционална зависност. Како да ги разликувате? Постојат неколку прашања кои можете да си ги поставите. Дали го идеализирате вашиот партнер? Дали ве плаши помислата да го изгубите? И дали начинот на кој се однесува со вас ви е поважен од тоа кој ви е партнер? Ако одговоривте со „Да“ на овие прашања, можно е да сте емоционално зависни, а тоа не е љубов. Доколку сте емоционално зависни не бидете премногу груби кон себе, бидејќи тоа е сосема нормално. Овие чувства се очекувани во љубовните врски, но понекогаш се претерува со нив. Запомнете, вие сте ваша личност а истото важи и за вашиот партнер. Вистинската љубов ни дозволува да бидеме оние кои навистина сме.

Па, што е љубовта?

Љубовта е независна, универзална, непредвидлива и природна. Таа е далеку од совршена и ни ја дава флексибилноста да ги искусиме сите други емоции, вклучувајќи бес, страв, тага и болка. Љубовта не е нешто кое можете да го купите, нешто кое се добива како награда или нешто што може да се измери. Најважно, љубовта е нешто што се дава слободно без поставување услови. Разбирањето на овие работи е првиот чекор кон наоѓањето на вистинската љубов.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна за тајната на вечната љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар