Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Нема потреба да посетувате фризер секогаш кога имате некој важен настан. Постојат многу фризури кои се прават за само неколку минути, а нема шанси да ги погрешите. Една од нив е и француската плетенка, која можете да погледнете како се прави во продолжение.

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Оваа пунџа е совршен избор за излегување, за на работа или за некоја свеченост, а одлична е и доколку немате време да ја измиете косата.

Најпрво исчешлајте ја косата и од десната страна земете два прамени со широчина од околу 1 сантиметар. Доколку имате шишки или сакате да оставите некој слободен прамен, издвојте го уште сега.

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Почнете да правите плетенка така што ќе го префрлате десниот прамен преку левиот и левиот ќе дојде долу и ќе стане „десен“. Потоа на секој „десен“ прамен додавајте уште малку коса и префрлајте го преку левиот.

Добро затегнете ја плетенката во пределот зад ушите. Исплетете ја косата до вратот, па заврзете ја со ластиче.

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Останатиот дел од косата повторно поделете го во два прамени и префрлајте ги еден преку друг до крајот. Кога ќе го врзувате, направите мала пунџа со ластичето така што крајот на опавчето да не биде премногу долго и да не излегува од пунџата.

На крај направете пунџа со исплетената коса и прицврстете ја со неколку шноли и вашата фризура е готова.

За пунџата да трае подолго, прицврстете ја со повеќе шноли и фаќајте што е можно помалку коса со нив. Доколку фатите премногу коса со една шнола, таа нема да издржи и фризурата ќе се растури многу брзо.

За подетални инструкции, погледнете го и видеото во продолжение.

Пробајте да ја направите и оваа превртена француска плетенка подигната во пунџа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар