Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

И додека некои со нетрпение ја очекуваат пролетта, таа за многумина е синоним за проблеми со алергиите. Поленот и надворешните алергени како прашината може да го направат вашиот живот неподнослив ако направите грешки за кои не сте ни свесни. Иако некои може да имаат лесни, а други сериозни симптоми на алергија, важно е да знаете дека можете да си помогнете ако ги избегнете следниве грешки:

Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

1. Го оставате прозорецот отворен

Воведете правило да ви бидат прозорците затворени за време на сезоната на алергии. Дури и ако не сте дома, не оставајте го прозорецот отворен бидејќи честичките полен може да влезат внатре додека вие не сте дома. Особено не го отворајте прозорецот додека е сончево и ветровито надвор, советуваат пулмолозите.

2. Го вклучувате клима-уредот

Иако температурите во текот на летните денови може да бидат неподносливи за сите луѓе, луѓето кои страдаат од алергии или имаат астма не би требало да го вклучуваат клима-уредот. Тој е штетен, особено за астматичарите ако користите силни хемиски агенси за чистење на уредот. Исто така, ненадејните промени на температурата се штетни за овие личности. Во секој случај, користењето на клима-уред не е најдоброто решение за лицата со алергии затоа што тие луѓе се почувствителни.

Како алтернатива, се препорачува да вградите филтри за полен во системот за вентилација. Вклучувајте го климатизерот во автомобилот само ако имате филтри за полен.

3. Вежбате во погрешно време

Ако сакате да вежбате на отворено, внимавајте на периодот во текот на денот и на временските услови. Избегнувајте да излегувате рано наутро или попладне бидејќи тогаш концентрацијата на полен во воздухот е најголема. Колку е потопло и поветровито, толку е полошо. Излегувајте доцна навечер затоа што тогаш обично количината на полен се намалува.

4. Ја одложувате употребата на лекови

Треба да избегнете да ги употребувате лековите со задоцнување, кога практично не сте во состојба да дишете. Кога знаете дека ќе започне сезоната на алергии, обидете се да се погрижите за вашето здравје на време. Превенцијата е најдобриот лек.

Ако пиете таблети за алергија, започнете да ги користите 2 недели пред поленот да се појави во воздухот. Доволно е да земате 1 таблета на ден. Тоа ќе има ефект, советуваат пулмолозите кои посочуваат дека е голема заблуда ставот дека алергијата не може да се излекува.

5. Имате плишени играчки дома

Плишените играчки се слатки и меки, но, за жал, во многу случаи тие едноставно стојат на полиците или на креветот и собираат прашина што е најчестиот предизвикувач на алергии.

Ако имате плишени животни и алергија, најдобро е да се ослободите од нив. Можеби треба да му дозволите на вашето дете да избере само 1 или 2 плишени играчки што може да ги перете одвреме-навреме.

Можеби сакате да откриете и што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар