7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

Кога започнувате врска, нормално е дека таа личност ви станува најважна, а може и да се случи некои пријатели (ненамерно) да ги занемарите. Дури и гледањето со најдобрата пријателка станува поретко, но во следните седум ситуации секогаш пријателката треба да ви биде поважна од партнерот.

Седум ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

1. Кога ќе раскине со партнерот

Сигурно ќе ѝ бидете потребни кога ќе прекине љубовна врска, посебно ако била оставена. Без разлика дали е неочекувано или се гледало крајот, треба да бидете тука за вашата пријателка за да ја сослушате и утешите.

2. Кога таа ќе го остави партнерот

Дури и доколку дечкото на вашата пријателка никогаш не ви се допаѓал и потајно се радувате зошто го оставила, треба да бидете со неа во овие моменти. Немојте да ѝ кажувате дека тоа е супер, туку дајте ѝ поддршка на начин што ѝ е потребен. Без разлика дали таа го направила тој потег, сигурно не ѝ е лесно.

3. Кога поминало шест недели од вашата последна средба

Никогаш не ја заборавајте исполнетоста која ви ја носи дружењето со пријателките. Ако последен пат сте се виделе со пријателката на кафе или вечера пред повеќе од месец и половина, тогаш е време тоа да го повторите.

4. Кога сте се скарале

Многу е веројатно дека ќе барате утеха во својот партнер откако ќе се скарате со пријателката. Нема ништо лошо во тоа ако ве смирува, но потоа јавете ѝ се на пријателката и пробајте да се смирите. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен.

5. Кога ѝ треба друштво за венчавка

Ако вашата пријателка е „сингл“ и е поканета на венчавка, одете со неа. Ќе биде одлична можност да се забавувате и да играте, баш како што сте правеле кога и двете сте биле сингл. Вашиот партнер тоа време може да го искористи да излезе со своите пријатели.

6. Кога се запрашува дали е тој вистинскиот

Ако се двоуми во својата љубовна врска, се прашува дали е тој вистинскиот, бидете тука за неа доколку ѝ е потребен совет. Бидете личноста која објективно ќе ги гледа работите и ќе ја упати со совет.

7. Кога ќе ѝ почине некој близок

Нема што да се додава – кога на вашата најдобра пријателка ќе ѝ почине некој близок, таа секогаш треба да ви биде на прво место.

Доколку барате уште една причина за дружење со пријателката, прочитајте како дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар