Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

Доколку ретко се гледате со вашите пријателки, сигурно веднаш ќе го промените тоа штом ќе ги дознаете резултатите од едно неодамнешно истражување.

Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

Според научниците од Оксфорд, жените би требало да се гледаат со пријателките барем два пати неделно за да го одржат нивното целокупно здравје.

Робин Дунар, психолог и автор на истражувањето, изјавил дека здравјето на жените значително се подобрува кога два пати неделно излегуваат на пијачка или на кафе со нивните пријателки.

„Ова ги поттикнува жените да се социјализираат, да пијат и да се смеат. Здравствените придобивки се брзо опоравување од болести, посилен имунитет, намалена анксиозност и зголемена великодушност, поради што жените се чувствуваат подобро.“

За време на истражувањето, научниците откриле дека само две од пет жени излегуваат на вечера со пријателките, и тоа само еднаш неделно. Ова се случувало уште поретко доколку жените имале семејства. Исто така, во просек, жените посветувале премалку време на нивните пријателски односи.

Истражувањето покажало дека жените најдобро комуницираат преку смеа, шеги и раскажување смешни ситуации, а важен фактор била и големината на групата пријателки. Во помало друштво постои поголема можност за смеење, па научниците препорачуваат жените да излегуваат најмногу со четири пријателки.

„Жените треба да ги одржуваат пријателските врски, можеби дури и повеќе од мажите. Ова го зголемува нивото на серотонин и окситоцин“, изјавила психологот Алиса Руби Баш, чија теза го потврдува истражувањето.

„Одржувањето на овие врски станува уште поважно како што старееме. Стануваме вработени, имаме сè поголеми одговорности, а пријателите ни се потребни за да не бидеме осамени“, додала Алиса.

Жените имаат навистина стресни животи и понекогаш се чувствуваат виновно кога го напуштаат семејството поради работа или дружење. Меѓутоа, важно е да најдете време за себе бидејќи на овој начин излегувате од рутината и се опуштате. Смеата сепак е најдобриот лек, а ова истражување само го потврдува тоа.

Погледнете и кои се знаците кои покажуваат дека не излегувате доволно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар